Википедија:Натпревар за научна фотографија 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија

Погледајте ги победничките фотографии на Натпреварот за научна фотографија 2021 во Македонија!





Примероци од слики искористени во рамките на Европскиот натпревар за научна фотографија 2015

Натпреварот за научна фотографија 2021 (ННФ) е меѓународен натпревар кој има за цел да ја поттикне јавноста да прави слики на научна тематика и да ги подигне на Ризницата, збогатувајќи ја со содржини од овој вид и приближувајќи ги луѓето до науката.

Замисла[уреди извор]

Лого на натпреварот
Лого на натпреварот

Невозможно е да се замисли нашата култура без наука. И во визуелниот свет во кој живееме, не е доволно да се зборува за наука: потребно е да се визуелизира. Затоа го организираме овој натпревар, да го промовираме создавањето и, пред сé, бесплатната размена на сите видови слики поврзани со науката.

Натпреварот првпат беше организиран во 2011 година, а во 2015 година беше проширен на цела Европа. Таа година беа добиени 9.793 слики со бесплатна лиценца од повеќе од 2.200 различни учесници. Во 2017 година натпреварот беше проширен на целиот свет и беа добиени 9.575 слики благодарение на учеството на повеќе од 1.928 луѓе.

Во Македонија, досега било организирано едно издание во 2015 година, под насловот „Европски натпревар за научна фотографија 2015“.

Приклучете ни се, и помогнете ни да ги покажеме најновите наоди од науката!

Овој натпревар се одржува во рамките на Викимедиините проекти бидејќи Википедија е активна средина, посветена на собирање и споделување на образовни содржини за сечија слободна употреба. Со тоа, таа претставува одлична подлога за претставување на научната фотографија. Отворениот пристап, интересот на заедницата и корисниците, како и начелната доверливост се само некои од одликите на оваа слободна енциклопедија кои ја прават погодна за популаризација на науката и научната фотографија. Википедија извонредно добро го овозможува приопштувањето на знаењето, а сликите таму се ценат заради нивниот висок информативен квалитет. Од таа соработка имаат полза како викизаедницата, така и научните фотографи. Натпреваров нека биде една рамка за поттикнување на трајна соработка меѓу нив.

Сликите ќе бидат поделени на седум категории:

  • Луѓе во науката
  • Микроскопски слики
  • Нефотографска медија
  • Сетови на слики
  • Див свет и природа
  • Општо
  • Астрономија

Награди и правила[уреди извор]

Натпреварот се одвива на два степена: едниот е на ниво на Македонија (и секоја друга земја-учесничка), а вториот е меѓународен. Победничките дела од Македонија потоа ќе одат меѓународниот натпревар до крајот на јануари 2021 година. Во Македонија, натпреварот е предвиден да се одвива во текот на ноември и декември 2021 година.

Награди[уреди извор]

  • I награда — 400 евра во денарска противвредност
  • II награда — 300 евра во денарска противвредност
  • III награда — 200 евра во денарска противвредност
  • IV награда — 100 евра во денарска противвредност

Правила[уреди извор]

  1. Натпреварот за научна фотографија 2021 се одржува од 1 ноември во 00:00:00 часот до 15 декември 23:59:59. Се признаваат само слики подигнати во текот на тој период.
  2. Фотографијата мора да прикажува научни постапки, работења и делувања, појави, предмети, лица поврзани со науката, животински и растителен свет итн. што ги претставуваат и се дел од природните и техничко-технолошките науки во Македонија.
  3. Подигачот мора да биде автор на сликата. Можете да учествувате само со слики што вие сте ги направиле или каде вие сте еден од авторите. Во вториот случај, ќе мора да ги наведете сите автори.
  4. Бидејќи ова е фотографски натпревар, очекуваме сликите да бидат со добар квалитет и големина. Секоја слика треба да има барем 2 мегапиксела, а подобро е и уште повеќе. Доколку сликите се мали, тогаш едно решение би било да се претстават како колаж (пример).
  5. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  6. Фотографиите мора да бидат подигнати на Ризницата на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да направи/поседува корисничка сметка на истата.
  7. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество со пополнување на Образецот за пријава на учесник.
  8. Сликите мора да се подигнат под слободна лиценца, и тоа една од следниве: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0 и CC0 1.0.
  9. Насловот на сликата да е на македонски јазик и на кирилица и јасно да ја насловува смислата на фотографијата
  10. Една научна фотографија подразбира добар конкретен опис. Секоја слика треба да има стручен опис на македонски и англиски јазик. Треба да стои што е претставено на сликата, кога и како е направена и што е важното што треба да се запази на неа. Пример.
  11. Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Science Competition 2021 in North Macedonia
  12. Право на учество има секој, освен членовите на жирито. Бројот на слики по учесник е неограничен.

Забелешка: Натпреварот не е ограничен само на класични фотографии. Прифаќаме прикази направени со сметачка графика и свесни сме дека не можеме да повлечеме јасна граница помеѓу категориите.

Ќе можете да учествувате и со повеќе слики како предметна целина и ќе се важат како еден поднесок за било која награда. Една целина може да има најмалку 2, а највеќе 10 врзани слики.

Претпочитани формати се .jpg за слики, .ogg за видеоснимки и .png за сметачка графика.

Накусо: како учесник, ќе треба да знаете само кои слики сакате да ги поднесете и што е прикажано на нив. Едноставно појдете на страницата за подигање и проследете ги напатствијата.

Подигнете слики

Надворешни врски[уреди извор]