Википедија:Иницијативи/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поврзано покренати иницијативи за: 2010, 2009, 2008 година.

Иницијативи се покренуваат со цел да се мотивираат корисниците на Википедија на македонски јазик во остварување на одредена цел, која е утврдена со покренатата иницијатива.Иницијатива може да предложи и покрене секој корисник на Википедија на македонски јазик.

Иницијатива 2009-година на астрономијата, 23.01.2009
Иницијатива
         Здраво, Иницијативи/2009!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, предлошки и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!
Иницијатива 500 (избрани) статии, 01.02.2009
Иницијатива 500 (избрани) статии
         Здраво, Иницијативи/2009!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!