Википедија:Избрана статија/2014/19

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловната страна на „Кармина Бурана“, на која е претставено тркалото на божицата Фортуна
Насловната страна на „Кармина Бурана“, на која е претставено тркалото на божицата Фортуна

Кармина Бурана (латински: Carmina Burana) — сценска кантата на германскиот композитор Карл Орф, компонирана помеѓу 1935 и 1936 г. Се заснова на 23 песни од збиркатa средновековни текстови и песни Кармина Бурана, пронајдена во манастир во јужна Германија. Го носи и нејзиното име. Кантатата е дел од Орфовиот триптих кантати пишувани врз латински текстови „Трионфи“, заедно со Кармина Катули и Трионфо ди Афродите. Најпознатото парче од ова дело е „Фортуна Императрикс Мунди“ („О фортуна“), со кое се отвора и затвора ова дело.

Кантатата прв пат била изведена во Франкфурт од Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 г. Делото доживеало огромен успех. Толку многу што, Орф му пишал на својот изведувач со барање да ги уништи сите дела кои дотогаш му ги дал за печатење, затоа што сметал дека со ова дело почнува неговиот вистински опус (за среќа издавачот не го исполнил барањето).

Многу од дискутабилноста околу компонирањето на делово доаѓа од фактот дека е создадено во периодот на врвот на предвоената нацистичка власт. Делото ги вознемирува нацистите поради фактот дека премногу експлицитно се вметнати еротски и сексуални елементи, но го преминуваат преку тоа кога го увидуваат ентузијазмот со кој народот го прифаќа делото. Тоа станува најпопуларното парче компонирано за време на Нацистичка Германија. Дека уметноста не препознава режими и граници, популарноста на Кармина Бурана продолжува и после војната, па до шеесеттите години на 20 век станува етаблирано дело во класичниот репертоар. (Дознајте повеќе...)