Прејди на содржината

Википедија:Избрана статија/2011/31

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крушевска република (313 август 1903) била востаничка месна власт во времето на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт, организирана врз републиканско- демократски и револуционерни начела, под претседателство на Никола Карев, началник на Горското началство – воена власт на слободната територија.

Највисок орган на цивилната власт бил Советот на месната револуционерна власт што се состоел од 60 членови. Советот избрал Привремена управа од 6 члена: Вангел Дину (претседател и одговорен за судството), Ѓорѓи Чача (реквизиција), Теохар Нешков (финасии), Христо Ќуркчиев (градоначалник и одговорен за редот и за безбедноста), Димитар Секулов (прехрана) и Никола Баљу (санитет).

Со декларација (позната како Крушевски манифест) било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно. (Дознајте повеќе...)