Прејди на содржината

Википедија:Избрана статија/2007/49

Од Википедија — слободната енциклопедија

Наметнатиот спор за името Македонија од страна на Република Грција опфаќа неколку прашања главно обединети околу спорот за името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во Македонија, како и ословувањето на македонскиот јазик кој е во употреба во Македонија. Ескалацијата на спорот постигнува такви размери што за неговото решавање се вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште во рамките на организацијата на Обединетите нации.

Спорот, во главно, е плод на несогласувањето на Република Грција да го прифати уставното име Македонија. Привременото решение „поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ) (во англиската верзија "former Yugoslav Republic of Macedonia" (FYROM)), покрај Република Грција, го користат и неколку други земји. Сепак сите членки на Обединетите Нации, и самиот ОН како целина, се согласни да го прифатат решението што ќе произлезе како резултат на меѓусебните разговори на двете земји.