Википедија:Вики го сака фолклорот 2023/Македонија
Погледајте ги победничките фотографии и освојувачите на награди на Вики го сака фолклорот 2023!
Добре дојдовте на
Вики го сака фолклорот 2023 |
Вики го сака фолклорот 2023 — македонското издание на меѓународната иницијатива Вики го сака фолклорот (англиски: Wiki Loves Folklore). Меѓународното издание за 2023 година ќе биде неговото четврто, додека ова македонско издание ќе биде за првпат организирано. Вики го сака фолклорот 2023 во Македонија, е организиран од корисничката група Споделено знаење.
- Целта на натпреварот
Основната цел на натпреварот е да се соберат фотографии од човековата културна разновидност за да се илустрираат статии од бесплатната светска енциклопедија Википедија и други проекти на Фондацијата Викимедија. Доставените фотографии треба да бидат релевантни за темата, вклучително, но не ограничувајќи се на фестивали, материјална култура, танци, кујна, облека или секојдневна рутина од животот со нагласок на народната култура во Македонија.
- Награди
Има две категории на награди: месни (македонски) и меѓународни.
― Месни награди
Најуспешните фотографии според оценката на месно стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од Споделено знаење, и тоа:
- Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
- Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
- Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
- Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 300 евра
― Меѓународни награди
Најуспешните фотографии според оценката на меѓународното стручно жири ќе бидат наградени со ваучерски награди, доделувани од иницијативата Wiki Loves Folklore, и тоа:
- Прва награда за највисоко оценета фотографија – ваучер од 500 амер. долари
- Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – ваучер од 400 амер. долари
- Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – ваучер од 300 амер. долари
- Утешни награди за останатите десет највисоко оценети фотографии – 10 ваучери од по 40 амер. долари
- Награда за најдобро видео и награда за најдобро аудио податотека – 2 ваучери од по 150 амер. долари
- Две награди за учесници со најмногу закачени фотографии – ваучер од 100 амер. долари (прво место) и ваучер од 50 амер. долари (второ место)
- Разгледници со Вики го сака фолклорот за најдобрите 100 закачувачи на фотографии
- Како да учествувам?
- Внимателно прочитајте ги правилата за учество;
- Направете разноврсни и квалитетни фотографии или искористете ги вашите веќепостоечки фотографии. Фотографиите треба да содржат документарен карактер со приказ на фолклорот во Македонија. Потоа, подигнете ги на Ризницата со слободна лиценца преку Образецот за подигање слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (вид. во правилата);
- Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку образецот за пријавување.
Правила за учество на натпреварот
[уреди извор]- Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник, или да ги има стекнато авторските права на фотографијата.
- Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на образецот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.
- Содржината на фотографијата мора да биде од документарен односно енциклопедиски карактер.
- Фотографијата која прикажува одреден вид на фолклор во и од Македонија, може да биде направена било каде, во и надвор од територијата на Македонија и во било кое време (пред или за време на натпреварот).
- Под фолклор се подразбира не само македонскиот фолклор, туку и на малцинствата во Македонија, како што е албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, бошњачкиот, српскиот и друг фолклор.
- Фотографијата треба јасно да го прикажува субјектот или композицијата.
- Фотографиите треба да бидат во изворна големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
- Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 февруари 2023 во 00:00:00 часот и 31 март 2023 во 23:59:59 часот.
- Фотографиите мора да бидат подигнати на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
- Секоја подигната фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
- Бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.
- Бројот на фотографии кои прикажуваат еден субјект или една композиција е неограничен.
- Насловот на фотографијата мора да е на македонски јазик и на кирилица. Доколку имате повеќе фотографии од еден субјект/композиција, именувајте ги насловите на следниов начин: а) Доколку фотографиите со субјектот/композицијата се од ист ден, фотографиите би биле именувани бројчано. Пример: Фрлање крст на Водици во Ново Село (01), Фрлање крст на Водици во Ново Село (02); б) Доколку фотографиите со субјектот/композицијата се различни периоди, фотографиите би биле именувани со година или месец или датум. Пример: за различни години: Луѓе во пијанечка носија (2020), Луѓе во пијанечка носија (2021); за различни месеци во иста година: Луѓе во пијанечка носија (март 2022), Луѓе во пијанечка носија (јули 2022); за различни денови во ист месец: Луѓе во пијанечка носија (02.08.2022), Луѓе во пијанечка носија (15.08.2022); в) Именувањето може и да е комбинирано: Луѓе во пијанечка носија (2020) (01), Луѓе во пијанечка носија (2020) (02).
- Сликите мора да имаат опис (description), на македонски и англиски јазик, на она што е сликано (пр. што е тоа што се прикажува на фотографијата, каде или на кој настан била направена фотографијата).
- Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во
Category:Images from Wiki Loves Folklore 2023 in Macedonia
. - За секоја фотографија мора да бидат ставени геокоординати од местото каде што се сликани. Некои од вашите фотографии можат самите да имаат координати и самите автоматски да се вметнат. Доколку фотографија нема такви гео податоци, ќе треба рачно да си ставите. Точноста односно валидноста на координатите ќе биде проверена од жирито.
- Во полето Други информации/Other information мора да биде внесено {{Wiki Loves Folklore 2023}} и {{Вики го сака фолклорот 2023}}.
- Секоја фотографија ќе биде оценувана од повеќечлено жири. Трите највисоко оценети фотографии ќе бидат наградени.
- Тој што ќе закачи најмногу фотографии, ќе ја освои наградата за најуспешен закачувач. Бодувањето за наградата за бројност ќе се врши преку броење колку различни фотографии закачил учесникот. Се претпочита еден учесник да не има премногу исти фотографии односно кадри, бидејќи во спротивно некои фотографии би му биле поништени при броењето поради празен квантитет на фотографии.
- Минималниот услов за освојување награда за бројност е 20 различни фотографии. Предусловот не важи за наградите за највисоко оценети фотографии.
- По прогласувањето на добитниците, истите ќе мораат да ни ги предадат личните податоци со цел да можеме да им ја префрлиме паричната награда.
Образец за подигање слики
[уреди извор]