Википедија:Викикамп Михајлово 2023

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
Викикамп Михајлово 2023

Викикамп Михајлово е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 22-24 септември 2023 година, и е посветен тематски, под мотото „Да го зачуваме живото наследство“. Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија. Годинава Викикампот се одржува во одморалиштето Михајлово. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.

Цели и правила[уреди извор]

Викикамп Михајлово е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.

Најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.

Програма[уреди извор]

Детален преглед на програмата за Викикампот Михајлово 2023 може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:

  • Петок, 22 септември 2023
15:00 - Тргнување од Скопје од пред Холидеј Ин, и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
19:00 - вечера
20:00 – 22:00 - Отворање на настанот (воведен збор Снежана Штрковска, Ивона Опетческа Татарчевска, етнокореолог, виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културното наследство, и Сузана Онес, главна и одговорна за проектот Wiki Loves Living Heritage) и потоа заедничко уредување и слободни активности
  • Сабота, 23 септември 2023
8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
9:00 - Појадок
10:00 – 12:00 - Предавања (Лили Арсова, Ивона Опетческа Татарчевска), па потоа уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
13:00 – ручек и потоа прошетка во околината и заедничка/ групна фотографија
17:00 - 19:00 - Две предавања во текот на попладневните часови (Никола Стојаноски и Игор Кузмановски): Краток курс за прикачување фотографии на Заедничка ризница, и поделба на улогите, како се станува администратор
19:00 – вечера
21:00 - 23:00 - Заедничка забава
  • Недела, 24 септември 2023
8:00 – 9:00 - Утринска гимнастика пред појадок
9:00 - Појадок
10:00 – 12:00 - Заедничко уредување на Википедија,
13:00 – ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот околу 14:30

Учесници[уреди извор]

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Викикамп Михајлово 2023/Учесници

Контакт[уреди извор]

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB.

Надворешни врски[уреди извор]