Венчавка на годината (филм)
„Венчавка на годината“ | |
---|---|
Режисер | Џастин Закхам |
Продуцент | Џастин Закхам Ентони Кетагас Клеј Пекорин Ричард Салваторе Хери Џеј Јуфленд |
Главни улоги | Роберт Де Ниро Дијана Китон Бен Барнс Кетрин Хегел Аманда Сејфрид Тофер Грејс Сузан Сарандон Робин Вилијамс |
Музика | Нејтан Бар |
Кинематографија | Џонатан Браун |
Монтажа | Џон Корн |
Студио | „Two Ton Films“ „Millennium Films“ |
Дистрибутер | „Lionsgate“ |
Премиера | април 26 2013 |
Времетраење | 89 минути |
Земја | Соединети Американски Држави |
Јазик | англиски |
Буџет | 35 милиони американски долари |
Бруто заработка | 16 356 000 американски долари |
Филмот “Венчавка на годината“ (од анг. „The Big Wedding“), а претходно бил познат само под името „Венчавка“ е претстојна комедија во режија на Џастин Закхам. Филмот претставува римејк на оригиналниот француски филм „Мојот брат се жени“ од 2006 година, чиишто сценаристи се Жан-Стефан Брон и Карин Сидан. Во овој филм настапува глумечката екипа којашто ја сочинуваат Роберт Де Ниро, Кетрин Хегел, Дијана Китон, Аманда Сејфрид, Тофер Грејс, Бен Барнс, Сузан Сарандон и Робин Вилијамс. Премиерата треба да се одржи на 26 април 2013 година во дистрибуција на „Lionsgate“ во Соединетите Американски Држави и Канада.
Филмот “Венчавка на годината“ (од анг. „The Big Wedding“) се фокусира на Дон (Де Ниро) и Ели (Китон), во улога на разведен пар, коишто треба да се преправаат дека се среќно венчани на венчавката на нивниот посвоен син (Барнс). Биолошката мајка на нивниот син, којашто исто така ќе присуствува на венчавката, е една Католичка од Колумбија. Таа не знае дека посвоителите не нејзиниот син се развеле.
Во присуство на фамилијата и сите пријатели, нивната измама незапирливо прераснува во вознемирувачка и непријатна смешна приказна за врската којашто се испреплетува.
Глумечка екипа
[уреди | уреди извор]- Роберт Де Ниро во улога на Дон Грифин
- Дијана Китон во улога на Ели Грифин
- Бен Барнс во улога на Алехандро Грифин
- Кетрин Хегел во улога на Лајла Грифин
- Аманда Сејфрид во улога на Миси О’Конор
- Тофер Грејс во улога на Џеред Грифин
- Сузан Сарандон во улога на Беб МекБрајд
- Робин Вилијамс во улога на Отец Монајхан