Прејди на содржината

Вампирските дневници: Мрачно соединување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вампирските дневници: Мрачно соединување
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Изворен насловThe Vampire Diaries: Dark Reunion
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
ЖанрМладинско-возрасна, вампирска, хорор
ПретходнаВампирските дневници: Бесот 
СледнаВампирските дневници: Враќањето: Квечерина 

Вампирските дневници: Мрачно соединување (англиски оригинал: The Vampire Diaries: Dark Reunion) е четвртиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен во 1992 година.


Приказната

[уреди | уреди извор]

Четвртата книга почнува шест месеци по смртта на Елена. Оваа книга е раскажана главно од точка на гледање на Бони. На изненадна роденденска забава за Мередит Сулез од Бони Мекалоу, Керолајн Форбс, Су Карсон и Вики Бенет, тие ја контактираат Елена користејќи Уиџи-табла откако Бони признава дека Елена ја контактирала во сон. Елена ги предупредува дека има зло во градот со нив, и дека сите се во опасност. Таа им кажува дека мораат да повикаат некој, но е прекината, веројатн од зол дух, пред тоа кажувајќи им на девојките да биегаат. Пред да успеат сите девојки да избегаат од куќата, Су е фрлена од балконот на вториот спрат и умира. Вики полудува по случката. Со помош на Мет, Бони и Мередит изведуваат магија да го повикаат Стефан, кој престигнува во градот со Дејмон. Тајлер Смалвуд се открива дека е врколак во сојуз со оваа мрачна сила и Стефан се соочува со неа откако не успева да ја спаси Вики. И по битката со злото, Елена се враќа. Ангел, како што изгледа, чија крв е неодолива за сите вампири.

Вампирските деневници: Мрачно соединување е воедно и последниот дел од оригиналниот серијал. Л. Џ. Смит му се врати на серијалот дури во 2009 година.