Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина  
Vampirskite dnevnici Vrakanjeto Kvecerina.jpg
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Наслов на
оригиналот
The Vampire Diaries: The Return: Nightfall
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
Жанр(ови)Младинско-возрасна, вампирска, хорор
ПретходнаВампирските дневници: Мрачно соединување
СледнаВампирските дневници: Враќањето: Сенковити души

Вампирските дневници: Враќањето: Квечерина (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Return: Nightfall) е петтиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен на 10 февруари, 2009 година.


Приказната[уреди | уреди извор]

Петтата книга започнува со враќањето на Елена од мртвите. Таа се враќа од загробниот живот со надприродни моќи што ја прават нејзината крв неодолива за вампирите. Стефан е решен да ја држи Елена на безбедно и сака да замине од Фелс Черч, иако на крајот не го прави тоа. Дејмон, вампир жеден за моќи каков што е тој, сака Елена да остане со него и да владее како негова принцеза на мракот.