Вакутејнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разни видови вакутејнери со крв

Вакутејнер (англиски: Vacutainer) – стерилна стаклена епрувета со гумена заптивка во боја која створа вакуум во епруветата со што се олеснува вадењето на определеното количество крв или друга течност. Вакутејнерот може да содржи адитиви чија цел е да го стабилизира и зачува примерокот пред аналитичкото тестирање. Епруветите се опремени со безбедносни затворачи (гумени заптивки), со разни опции за етикетирања како и разни волумени на извадената течност.

Вакутејнерот бил измислен од Јозеф Клајнер [1] и Бектон Дикинсон во 1949 година. Вакутејнерот е регистрирана трговска марка на Бектон Дикинсон кој денес ги произведува и продава овие епрувети [2].

Принципи[уреди | уреди извор]

Вадење крв со вакутејнер. Проѕирната пластична навлака над врвот на епруветата ја држи иглата. Портокаловата заштита штити од случајни убоди откога иглата ќе се извади од пациентот.

Вакутејнерската игла е со два краја при што едниот крај, заради заштита, е затворенa во тенка гумена обвивка. Кога иглата ќе се пикне во проѕирниот пластичен држач, гумата е во држачот, и другиот крај од иглата ќе се вметне во вената. Кога вакутејнерот ќе се вметне во држачот, неговото гумено капаче се дупнува со внатрешната игла и вакуумот во епруветата влече крв низ иглата во епруветата. Откога ќе се наполни епруветата се вади и се вметнува друга која се полни на ист начин. Извадената количина на воздух определува колкава количина крв ќе се наполни во епруветата пред крвта да престане да тече.

Секоја епрувета на горниот крај има пластично или гумено капаче во боја која претставува код. Во епруветите често се наоѓаат адитиви кои се мешаат со извадената крв, а бојата на капачето означува кои адитиви ги содржи епруветата.

Вакутејнерите имаат рок на употреба бидејќи со тек на времето се губи вакуумот и не ја повлекува крвта во епруветата кога иглата ќе го дупне капачето.

Видови вакутејнери[уреди | уреди извор]

Контејнер со црвено-црно капаче после центрифуга за раздвојување на крвните клетки од серумот

Вакутејнерите може да содржат дополнителни супстанци за зачувување на крвта за обработка во медицинска лабораторија. Користењето на погрешен вакутејнер може да доведе примерокот на крвта да не биде корисен за предвидената цел.

Адитивите вклучуваат антикоагуланти, (ЕДТА, натриум цитрат, хепарин) или гел со густина меѓу онаа на крвните клетки и крвната плазма. Дополнително, некои вакутејнери содржат адитиви кои зачувуваат одредени компоненти или супстанци во крвта, како на пример глукозата. Кога епруветата се центрифугира, материјалите се раздвојуваат според густината, крвните клетки тонат на дното, а плазмата или серумот оди горе. Епруветите кои содржат гел можат лесно да се транспортираат и ракуваат после центрифугирање без мешање на крвните клетки и серумот.

Вакутејнери за крв

Значењето на различните бои е стандардизирано [3][4][5]

Изразот „редослед на вадење“ го подразбира редот по кој треба да се полнат вакутејнерите. Иглата која ги продупува вакутејнерите може да пренесе адитиви од една епрувета на следната, затоа редоследот е стандардизиран така што какво било пренесување на адитиви нема да The term order of draw refers to the sequence in which tubes should be filled. The needle which pierces the tubes can carry additives from one tube into the next, so the sequence is standardized so that any cross-contamination of additives will not affect laboratory results.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]