Википедија:Миниводич за барања за администраторски статус
Изглед
(Пренасочено од ВП:МБАС)
Следи многу едноставен водич за Википедија:Барања за администраторски статус (БзАС). Ова е наменето како неформален, најмал можен водич. За целосниот водич за БзАС, ве молиме видете Водич за барања за администраторски статус. Ова е водич, а не е правилник.
За номинирани
[уреди извор]- Ве молиме имајте на ум дека БзАС може да биде тежок процес понекогаш. Луѓето ќе разгледуваат и ќе оценуваат сѐ што сте направиле (или не сте направиле, ако требало).
- Понекогаш луѓето се противат без никаква причина. Од никого не се бара да го објасни неговиот став. Не се чувствувајте лошо, им се случува на многу луѓе.
- Ако некој ве номинира, слободно одбијте ако сметате дека не сте подготвени. Одбијте ја номинацијата учтиво и продолжете со добрата работа. Дури и по почетокот на процесот, можете да се повлечете било кога.
- Ако самите се номинирате, проверете дали сте ја направиле номинацијата правилно и не се поддржувајте себеси. Луѓето очекуваат повеќе од самономинираните и ако нешто згрешите, тоа може да доведе до гласови против вас.
Што бараат придонесувачите во номинираниот
[уреди извор]Овие не се задолжителни стандарди. Луѓето може да имаат лични стандарди кога ги разгледуваат номинираните, но воглавно, корисниците ги бараат следниве работи:
- Цврста историја на уредување во повеќе именски простори (Повеќето успешни номинирани имаат повеќе од 1.000 уредувања. Видете ги статистиките самите на оваа страница).
- Достојно време на присуство на проектот (Повеќето успешни номинирани биле на Википедија барем 3 месеци. Видете ги статистиките самите на оваа страница).
- Волја да правите „досадна, повторлива работа“
- Културно однесување без скорешни лични напади, туркање гледни точки, вандализам или уредувачки војни
- Оспособена адреса за е-пошта
- Добра употреба на описи на измените
Видете што се случувало во некои успешни и неуспешни кандидатури како пример.
За придонесувачите кон БзАС
[уреди извор]Почитувајте ги принципите на Википедија:Културно однесување. Ве молиме видете го целосниот водич за информации за гласање, поведение и однос со другите.