Администратор е активен и редовен википедијанец кој има пристап до техничките додатоци кои помагаат при одржувањето. Од администраторите се очекува да ја почитуваат и да бидат запознаени со политиката на Википедија, бидејќи тие се познати и доверливи членови на заедницата. Тие можат да заштитуваат и да бришат страници, да блокираат други уредници, и исто така да ги враќаат овие постапки.
Администраторскиот статус се доделува со предложување и гласање. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Номинираниот корисник нема право на глас, но смее да учествува во дискусијата. Одлуката за доделување на администраторскиот статус се носи со примена на двотретинско мнозинство, односно бројот на гласови „За“ да биде најмалку две третини од вкупниот број на дадени гласови, а вкупниот број на гласови „За“ да изнесува најмалку пет.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена.
Важно: Внимателно прочитајте го образложението поради кое е поднесен предлогот за доделување на администраторскиот статус и проверете ги придонесите на администраторот за подобар увид. Глас „За“ давајте само ако утврдите дека корисникот навистина заслужува да се стекне со администраторските права. Глас „Против“ секогаш давајте со образложение зошто сметате дека корисникот не заслужува да стане администратор.
Како и јас да дадам предлог за одземање на администраторски статус?
Заменете го КОРИСНИЧКОИМЕ (КОРИСНИЧКОИМЕ/2 за втора номинација, КОРИСНИЧКОИМЕ/3 за трета номинација итн.) со корисничкото име на корисникот кого сакате да го номинирате во кутијата долу и стиснете на копчето.
Уредете ја страницата која ќе се појави, со тоа што ќе дадете образложение за поднесување на предлогот.
Известете го корисникот кого што го номинирате на коринисничка разговорна страница и вклучете врска до страницата со номинацијата.