Помош:Именски простор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВП:ИП)
Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ВП:ИП

Содржината на Википедија во нејзината база на податоци е поделена на 20 секции кои според вики-жаргонот се наречени именски простори.

Главниот именски простор ги содржи сите енциклопедиски статии на Википедија. Сите страници во другите именски простори имаат претставки во нивните имиња кои го означуваат името на именскиот простор проследено со две точки и насловот на страницата. Без претставките за именските простори, врските ќе водат до главниот именски простор кој нема претставка. Претставките на именските простори се: Разговор:, Корисник:, Разговор со корисник:, Википедија:, Разговор за Википедија:, Слика:, Разговор за слика:, Предлошка:, Разговор за предлошка:, Помош:, Разговор за помош:, Портал:, Разговор за портал:, МедијаВики:, Разговор за МедијаВики:, Категорија:, Разговор за категорија:, Медиум: и Специјални:. Броејќи ги тие и заедно со главиот именски простор, вкупниот број е 20.

Секој именски простор содржи посебен вид на содржина. На пример, постои енциклопедиска статија на темата авторски права во главниот именски простор. Во именскиот простор „Википедија:“ постои страницата Википедија:Авторски права која не е енциклопедиска статија и се однесува на условите според кои овој проект работи со авторските права.

Во било кој именски простор може да постои само една страница со опеделено име.

Нумерирање[уреди | уреди извор]

За секој именски простор постои определен код кој означува променлива во МедијаВики софтверот. Овде се дадени променливите и нивните соодветни именски простори.

Код Приказ
{{ns:-2}} Медиум
{{ns:-1}} Специјална
{{ns:0}} (главен именски простор)
{{ns:1}} Разговор
{{ns:2}} Корисник
{{ns:3}} Разговор со корисник
{{ns:4}} Википедија
{{ns:5}} Разговор за Википедија
{{ns:6}} Податотека
{{ns:7}} Разговор за податотека
{{ns:8}} МедијаВики
{{ns:9}} Разговор за МедијаВики
{{ns:10}} Предлошка
{{ns:11}} Разговор за предлошка
{{ns:12}} Помош
{{ns:13}} Разговор за помош
{{ns:14}} Категорија
{{ns:15}} Разговор за категорија
{{ns:100}} Портал
{{ns:101}} Разговор за Портал

На пример, со употреба на кодот {{ns:7}} добивате Разговор за податотека.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Help:Namespace (англиски) — Страница на Мета-Вики со повеќе информации за именските простори.