Бургундски јазик (германски)
Изглед
Бургундски јазик — изумрен источногермански јазик што го говореле Бургундите во југоисточна Галија сè до V век.
За овој јазик имаме мошне оскудни сознанија. Зачувани се извесни лични имиња. Некои денешни локални дијалектизми водат потекло од древниот бургундски јазик, но не е лесно да се разликуваат од другите германизми,[1] особено заради нивниот современ облик. Не се знае со сигурност во која мера бургундскиот јазик извршил влијание врз денешните франкопровансалски дијалекти во Бургундија откако таа станала покраина на кралството Франција.