Бркини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бркини (словенечки: Brkini; хрватски: Brkinija[1]) ― ридско подрачје во југозападна Словенија.

Географија[уреди | уреди извор]

На север, Бркини се граничи со реката Река, на југозапад со Матарската Долина (Matarsko podolje), на северозапад со платото Карст, и на југоисток со Јелшанската Долина.[2] Регионот Бркини е поделен меѓу општините Хрпеље-Козина, Пивка, Илирска Бистрица и Дивача.[3] Регионот е долг 25 км, широк 7 км, и зафаќа површина од 180 км2. Неговиот средишен дел се наоѓа на надморска височина од 700 до 800 м.[2] Средината на регионот е селото Прегарје.[3] Климата е блага, а геолошката основа е флиш, со помал варовнички дел на североисток.[3] Регионот е врска помеѓу Средоземјето и континенталниот дел на Словенија.[4]

Име[уреди | уреди извор]

Се верува дека името Бркини има италијанско потекло поради моделот на наставки. Ова укажува на тоа дека коренот на името (brk-) може да потекнува од северноиталијанскиот „bricco“, „bricca“ '(стрмна) падина'. Потеклото од словенската именка брдо е сомнително.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Ридовите Бркини се економски недоволно развиен регион,[3] со главна економска активност од земјоделско одгледување, особено сливи.[2] Многу луѓе од Бркини патуваат кон работа до блиските центри Илирска Бистрица, Подград, Хрпеjље и Козина.[2] За време на Втората светска војна, над една третина од селата во ридовите Бркини биле запалени од италијанските и германските сили поради партизанската активност во областа, што значително влијаела на развојот на регионот.[2] Густината на населението е мала, а луѓето сè уште заминуваат.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. стр. 82.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Dobnik, Jože (2006). „Čez Brkine na Slavnik“ [Over Brkini on the Slavnik Hill]. Pot kurirjev in vezistov NOV Slovenije [Path of Couriers and Operators of the National Liberation War] (словенечки). Društvo Domicilnega odbora kurirjev in vezistov NOV Slovenije. Geopedia.si. ISBN 961-238-581-5. Посетено на 23 февруари 2021.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Barborič, Blaž. Bobič, Živa. Borko, Sebastijan. Dobravc, Mina. Pirc, Janez (2002). „Problematika slovenskega podeželja na primeru Brkinov“ [Problems of Slovenian Rural Areas. Case Study of Brkini Hills.] (PDF). Dela (словенечки и англиски). Department of Geography, Faculty of Arts, University of Ljubljana (17): 265–284. doi:10.4312/dela.17.265-284. ISSN 0354-0596. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 април 2009.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Barba, Urška (2011). Turizem v občini Hrpelje - Kozina in možnosti za njegov nadaljnji razvoj [Tourism in the Municipality of Hrpelje-Kozina and Possibilities for its Future Development] (PDF) (словенечки и англиски). Department of Geography, Faculty of Arts, University of Ljubljana. стр. 11. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 октомври 2013. Посетено на 23 февруари 2021.