Брит-Мари беше овде

Од Википедија — слободната енциклопедија

Брит-Мари беше овде (шведски: Britt-Marie var här; англиски: Britt-Marie Was Here) е роман на Фредрик Бакман (шведски: Fredrik Backman), шведски колумнист, блогер и писател. Романот бил напишан во 2014 година. Своето книжевно деби Фредрик Бакман го имал во 2012 година, кога го објавил светскиот феномен Човек по име Уве, кој се продал во повеќе од 4 милиони примероци.[1] По светскиот хит „Човек по име Уве“ и романот „Мојата баба ти се извинува“, Бакман напишал уште еден роман на забавен и трогателен начин.[2]

За романот[уреди | уреди извор]

Брит-Мари беше овде во исто време има трогателна и крајно смешна приказна каде што хероите се постари луѓе кои се принудени да се носат со новите животни околности и да се соочат со сосема нови предизвици што им ги поставува животот.[1] Брит-Мари е 63-годишна жена која го напушта сопругот по 40 години неуспешен брак без љубов. Единствената работа која ѝ е достапна ја наоѓа во Варош, трошна мала населба уништена од економската криза. Протагонистот секогаш вечера во исто време, секогаш станува во исто време и го користи истото средство за чистење прозорци Факсин, кое одамна не се покажало како добро. Таа е ситна, педантна и започнува нов живот со бучни деца, калливи подови и странци. Самите жители на Варош се на работ на очај и се препуштаат на големата љубов кон фудбалот. Во Варош има младински клуб, продадено фудбалско игралиште, па децата играат фудбал на улица. Тие ја ангажираат Брит-Мари како фудбалски тренер бидејќи не можат да се пријават за учество на натпреварот без тренер. Бакмен го наоѓа својот пат до срцата на читателите претставувајќи обична личност која има нешто многу посебно во себе за кое таа самата не знаела дека постои. Во романот, Брит-Мари постепено ги урива ѕидовите зад кои се крие и наоѓа нешто скапоцено во себе.[1][3]

Ликови[уреди | уреди извор]

Брит-Мари беше овде на штандот на издавачката куќа Лагуна, 2019 година.
  • Брит-Мари, 63, главниот лик на романот
  • Кент, поранешен сопруг на Брит-Мари
  • Алф, поранешното момче на Брит-Мари и брат на Кент
  • Девојка од Заводот за вработување
  • Свен, локалниот полицаец
  • Лице, жена во инвалидска количка која работи во пицерија, самопослуга, пошта, автомеханичар
  • Банка, жена со оштетен вид и бастун
  • Вега, девојка од Варош која игра фудбал со момчињата
  • Омар, братот на Вега
  • Сами, Вегин и постариот брат на Омар
  • Психо, пријател од детството на Сами
  • други деца од тимот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Нови роман Фредрика Бакмана“. Библиотека "Милутин Бојић". Архивирано од изворникот на 23. 06. 2019. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. Бакман, Фредрик (2019). Брит-Мари је била ту. Београд: Лагуна. стр. корице.
  3. „Препорука књига за младе и одрсле“. Дечији културни центар Београд. Посетено на 23. 6. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)