Прејди на содржината

Брезов вргањ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брезов вргањ
Брезов вргањ

Брезов вргањ (лат.Leccinum scabrum) е јадлива печурка во семејството Boletaceae но порано била класифицирана како Boletus scaber. Брезов вргањ е широко распространета печурка во Европа, на Хималаите во Азија и на други места на северната полутопка а се јавува само во микороза со бреза. Расте од јуни до октомври.[1][2] Оваа печурка, исто така, станува сè почеста во Австралија и Нов Зеланд каде што најверојатно е донесена.

Брезов вргањ со различна старост

Шапката е 5-15 см широка. Отпрвин, таа е полутопкична а подоцна станува порамна. Кожата на шапката е кафеава обично со посветол раб;[3] мазна е и сува.[3]

Порите се белузлави[3] на млада возраст, подоцна сиви. Кај постарите примероци, порите на трупот може да се испакнат, додека околу дршката изразено навлегуваат. Покривањето на порите лесно се отстранува од кожата на пилеусот.

Дршката е 5-15см. долга и од 1-3,5см широка, тенка, со бели и темни до црни флеки стеснети нагоре. Основниот мицелиум е бел.

Месото е белузлаво, понекогаш потемнува на допир. Кај младите примероци месото е релативно цврсто, но многу брзо станува сунѓересто и задржува вода, особено при дождливо време. Кога ќе се свари, брезовиот вргањ поцрнува.

Брезовиот вргањ е пронајден во асоцијација со украсни брези засадени надвор од неговиот опсег на живеалиште, како на пример во Калифорнија.[4]

Живеалиште и распространетост

[уреди | уреди извор]

Брезов вргањ е европски вид кој е забележан во различни области во светот, најчесто се појавува во урбаните средини. Во Нов Зеланд, се поврзува само со Betula pendula.[5]

Јадливост

[уреди | уреди извор]

Брезов вргањ може да се јаде, но некои водичи сметаат дека неговата вредност не е голема.[6] Може да се кисели во саламура или со оцет. Се користи и во мешани јадења со печурки, пржени или на пареа. Најчесто се собира за исхрана во Финска и Русија.[7]

Неколку извештаи во Северна Америка (Нова Англија и Карпестите Планини) по 2009 година сугерираат дека Брезов вргањ треба да се консумира само со голема претпазливост.[8][9]

Слични видови

[уреди | уреди извор]

Неколку различни видови на Leccinum печурки се наоѓаат во микориза со брези, и може да се помешаат од аматери и миколозите. L.variicolor има синкаста шaпка. L.oxydabile има поцврсто, розово месо и различна структура на кожата на пилеусот. L.melaneum има потемна боја и има жолтеникави нијанси под кожата на пилеусот и шaпката. L.holopus е поблед и белузлав во сите делови.

 

  • Каленбах: Die Röhrlinge (Boletaceae), Лајпциг, Клинхард, (1940–42)
  • Герхард, Евалд: Пилце. Бенд 2: Röhrlinge, Porlinge, Bauchpilze, Schlauchpilze und andere, (Spektrum der Natur BLV Intensiv), (1985)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Fergus, C. Leonard & Charles (2003). Common Edible & Poisonous Mushrooms of the Northeast. Mechanicsburg, PA: Stackpole Books. стр. 51–52. ISBN 0-8117-2641-X.
  2. Arora D. (1986). Mushrooms Demystified: A Comprehensive Guide to the Fleshy Fungi. Berkeley, California: Ten Speed Press. стр. 541–542. ISBN 0-89815-169-4.
  3. 3,0 3,1 3,2 Trudell, Steve; Ammirati, Joe (2009). Mushrooms of the Pacific Northwest. Timber Press Field Guides. Portland, OR: Timber Press. стр. 227–228. ISBN 978-0-88192-935-5. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Leccinum scabrum. California Fungi. Посетено на 2009-10-18.
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) отворен пристап — бесплатно за читање
  6. Phillips, Roger (2010). Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 276. ISBN 978-1-55407-651-2.
  7. Ohenoja, Esteri; Koistinen, Riitta (1984). „Fruit body production of larger fungi in Finland. 2: Edible fungi in northern Finland 1976–1978“. Annales Botanici Fennici. 21 (4): 357–66. JSTOR 23726151.
  8. Bakaitis, Bill. Diagnosis at a Distance. Посетено на 2011-11-28.
  9. Land, Leslie. Wild Mushroom Warning: The Scaber Stalks (Leccinum species) May No Longer Be Considered Safe. Посетено на 2009-07-18.