Брац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Брац е компјутерско-анимирана телевизиска серија базирана на истоимената видеоигра и популарната линија на кукли. Получасовната серија Брац го прикажува тинејџерскиот квартет девојки со “страст за мода”, со необично големи глави. Клое, Саша, Јасмин и Џејд се дописници за сопствениот, самостојно создаден тин-магазин. Од нивното седиште во Висок Стил, девојките патуваат ширум светот и повторно се враќаат за најжешките новости за новите трендови. Во меѓувреме злобната Бурдин Максвел, уредник на конкурентскиот магазин “Ваша работа”, подготвува шеми за надмудрување на нашите хероини. Секоја епизода завршува со моќната порака “Бидете верни себеси и лојален пријател на другите”.