Бранд Петрушев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранд Петрушев
Масовна поворка на луѓе од погребот на Бранд Петрушев во Белград. Неговите посмртни останки сега се на новите гробишта во Белград во алејата на заслужните граѓани.

Бранко-Бранд Петрушев 1924-1940 год.

Бранко Петрушев-Бранд, е убиен во Кошутњак крај Белград од монархо-фашистичката жандармериіа на 8 септември 1940 год. во Белград каде што и се школуваше.

Во познатиот разбоінички напад што

го изврши гнасната жандармерија на масата младинци собрани на Кошутњак…ова убиство ги потресе сите богданчани.

Погребот беше величествен!

На средношколецот и член на СКО - Бранд му беше оддадена таква почит каква што навистина ретко се среќаваше.

Простувајќи се од Бранд, од името на средношколската младина, Брано Биелиќ рече: „Бранде, другар драг, доідовме ние белградските средношколци последен пат да те испратиме, да ти кажеме последно збогум. Дојдовме да ти кажеме дека знаеме да ја цениме твојата жртва и дека никогаш нема да за заборавиме, дека твоето име ќе биде секогаш на усните на средношколците.

Те жалиме другар Бранд, те убија уште пред да почнеш да живееш.

Те жалиме, но мошне ги стегаме забите и ти даваме чесен збор, ќе полагаат сметки пред

нашиот народ за секоја капка народна крв оние што ја испија!

Претставникот на работничката младина Константин Ковиќ мегу другото рече: „Се простувам од Бранд Петрушев од името на неговите врсници и другари, на оние од фабриката и работилниците…

Падна како жртва на злосторството..Падна изрешетан од куршумите од еден однапред подготвен разбојнички плотун. Падна во свирепиот колеж, каков што може да биде смислен единствено од главите на најбесните крвници на народот и младината.

Исполнети со силна омраза спрема твоите убијци, ние ќе ја а продолжиме борбата додека праведниот суд не ги стигне угнетувачите на народот и младината.

И на крајот проговори мајката: „Сине, те убија злосторниците, но мајка нема да плаче. Го убија твоето тело, но твојот дух е жив и ќе лебди над Македонија и над сите поробени народи. Те убија злосторниците, проклети да се, проклети! Но ние сме тука, ние ќе се бориме, Македонија ќе се ослободи!

И мајка пее и сите пеат. Никој нејќе да плаче. Ете јас го спуштам во гробот она со што сакаат да те направат мртов. (При тие зборови мајката го извади од главата црниот вел и го спушта во гробот).

Мајка мислеше дека сме сами во Белград, но види, колку другари, колку пријатели!

Вечна ти слава хероју наш!