Прејди на содржината

Болјарка (пиво)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пиво Болјарка

Бољарка (бугарски: Болярка) — бугарски бренд за пиво од градот Велико Трново. Компанијата е основана во 1892 година од браќата Хаџи Славчеви, пет години по основањето на првата пиварница во Трново во 1887 година од Германецот Артур Вилсер. Во вториот дел од 20 век пивото било наречено едноставно Великотарновско пиво, преименувано во Бољарка во 2000 година, во чест на историјата на градот како главен град на Второто Бугарско Царство и дом на болјарите.