Боев куршум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Боев куршум (англиски: Full metal jacket) - филм на режисерот Стенли Кјубрик од 1987 година. Главните улоги ги играат: Метју Модин, Р. Ли Ерми, Винсент Д'Онофрио, Адам Болдвин итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се состои од два дела: Во првиот дел е прикажана макотрпната обука на група млади луѓе, кои се наоѓаат во една касарна во САД, подготвувајќи се да бидат маринци. Притоа, наредникот на нивниот вод постојано ги измачува, со намера да ги направи прекалени борци кои ќе бидат испратени на бојното поле. Во вториот дел на филмот, војникот со прекар „Смешко“ (го игра Модин) се наоѓа во виорот на Виетнамската војна, каде работи како новинар. Незадоволен од мирниот живот во позадината, тој упорно бара да оди на бојното поле и наскоро му се остварува желбата. Така, тој има можност да ги види сите ужаси на војната: убивањето невини цивили, лудилото и стравот на војниците, секојдневните жртви итн. Во една акција, за време на уличните борби во еден град, водот на којшто му припаѓа Смешко е десеткуван од непријателски снајперист. Кога влегува во зградата, Смешко и неговите другари сфаќаат дека снајперистот е, всушност, девојка. Збунет од глетката, тој за малку ќе биде убиен од неа, но во последен миг, едне американски војник смртно ја ранува девојката. Таа ги моли да ја убијат и Смешко пука во неа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]