Богородица од Коромото
Богородица од Коромото или Нашата госпоѓа од Коромото (шпански: Nuestra Señora de Coromoto е прославувана католичка слика на Богородица. Во 1950 година, Богородица од Коромото е прогласена за патрон-светец на Венецуела.
Историја
[уреди | уреди извор]Кога градот Гванаре бил основан во 1591 година, староседелското племе Коспи, кое го населувало тој регион избегало во северните предели. Тогаш започнало ширењето на христијанството во тој регион и покрстувањето на населението. Првата појава на Богородица била во регионот каде побегнало староседелското племе и се случила на 8 септември 1652 година. Богородица се појавила на поглаварот на племето, „Коромото“ и му се обратила со зборовите:
„ | Одете до белите куќи и побарајте да си истурат вода во нивните глави за да одат во рајот. | “ |
По оваа реченица, Богородица од поглаварот побарала тој и неговиот народ да се покрстат. Според традицијата, поглаварот ова му го кажал на Хуан Санчес, локален енкомандар, и му рекол дека по кратки подготовки неговиот народ е спремен да ја прифати христијанската религија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Богородица од Коромото“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 13 септември 2009 г.
- Виртуелна Венецуела Архивирано на 7 јули 2010 г.
- Venezuela Tuya
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |