Бобан Васов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобан Васов во 2014 година

Бобан Васов (роден на 9 јануари 1986 година во Димитровград) е српски фудбалер кој моментално настапува во австрискиот клуб ФК Гросклајн.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Србија[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, младинската екипа на Раднички од Пирот имала пријателски натпревар против младинскиот тим на составот на Левски од Софија, на кој Бобан Васов бил забележан од скаутите (стручни лица кои ги следат евентуалните квалитети на играчите) на софиската екипа и по краток пробен период во Софија, клубот решил да го префрлат во нивната фудбалска академија.

Бугарија[уреди | уреди извор]

Сезоната 2001–02 Бобан Васов ја започнал со екипата на Левски од Софија, играјќи на позицијата на централен дефанзивец. Подоцна во сезоната, благодарение на добрите игри, тој бил избран да игра во младинските тимови и тоа од 1985 до 1986 година. Младинската екипа на Левски во 2002 година ја освоила двојната круна и во првенството, но и во националниот куп. Две години подоцна, неговиот тим завршил на третото место во првенството и го освоиле националниот куп. Откако го одиграл последниот натпревар за младинската екипа, тој започнал да тренира со сениорскиот тим на екипата на Левски од Софија, но од клубот решиле да го испратат како позајмен играч во екипата на Марек од Дупница.[2]

Враќање во Србија[уреди | уреди извор]

Во месец јануари 2008 година Бобан Васов се вратил во родниот град Димитровград за да помине година и половина во екипата на Балкански. Тука тој настапил на вкупно 40 натпревари, постигнувајќи притоа и 5 гола. Оставил добар впечаток на тренерот на неговиот поранешен клуб Раднички од Пирот во меѓусебните натпревари во лигата. Во летото 2009 година се вратил во екипата на Раднички од Пирот. За 3 сезони поминати во новиот клуб, тој одиграл 88 натпревари и постигнал 14 гола. Бил еден од најважните играчи за тимот. Покажувајќи одлични перформанси и доследност во игрите, тој го привлекол вниманието на тренерите и набргу по завршувањето на сезоната во 2012 година преминал во Бахреинскиот клуб на Ист Рифа.

Бахреин[уреди | уреди извор]

Во септември 2012 година, Бобан Васов потпишал за екипата на Ист Рифа Клуб од Бахреин. Со Клубот Ист Рифа дошол до второто место во Втората лига и настап во Плеј-офот за промоција во Првата лига. Тие го загубиле плеј-офот со тоа што го загубиле првиот натпревар на гостински терен со резултат од 1:0 од екипата на Малкија клуб и сепак успеале да извлечат нерешен резултат од 1:1 на домашен терен, но тоа не било доволно.

Целје[уреди | уреди извор]

Бобан Васов на 31 јануари 2014 година потпишал договор со екипата на НК Целје.

ФК Гросклин[уреди | уреди извор]

Васиќ му се приклучил на австрискиот клуб ФК Гросклин во летото 2017 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Boban Vasov - Sampion Celje“.
  2. Apostolov, Hristo (4 February 2006). „Футболисти на Марек спят с Цървена звезда“. 7sport.net. Посетено на 11 August 2015.
  3. Transfers Oberliga Mitte-West‚ ligaportal.at, 21 July 2017

Надворешни врски[уреди | уреди извор]