Прејди на содржината

Бикот кој Седи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бикот кој Седи

Бикот кој Седи (англ. Sitting Bull, лакота: Tȟatȟáŋka Íyotake; околу 1831 — 15 декември 1890) бил водач на народот Лакота, поглавица на Сијуксите, под чие водство тие се обединиле во својата броба за опстанок.

Водел околу 3.500 воини од различни племиња до победа во Битката кај Литл Биг Хорн на 25 јуни 1876 година. После таа победа, го одвел својот народ во Канада каде што останале до 20 јули 1881 година, кога и се предале, па се помилувани. Некое време бил во циркусот на Бафало Бил.

Движењето Танц на духовите го привлекувало, иако никогаш не бил следбеник.