Бејкерова циста
Бејкерова циста, потколена циста или поплитеална циста — поим што се користи за најразлични облици на цисти кои се формираат во пределот зад коленото. Бејкеровата циста претставува испакнатост на задниот ѕид на зглобната капсула од зглобот на коленото помеѓу мускулот гастрокнемиус и полумембранозниот мускул. Обично се јавува при оштетувања на зглобот на коленото, на пример, лезија на медијалниот менискус, артритични промени на 'рскавицата или ревматоиден артритис. Хроничните воспалителни процеси доведуваат до зголемено производство на синовијална течност, така што се создава прекумерен притисок во зглобот на коленото, што резултира со испупчување на зглобната капсула во точката со најмал отпор (латински: locus resistentiae minoris), наназад, формирајќи циста.
Симптоми
[уреди | уреди извор]Оток, флуктуација (при допир и потчукнување, цистата се поместува брановидно, трепери) и можеби болка во задниот дел на коленото. Притисокот на цистата врз нервите и садовите во задниот дел на коленото може да предизвика вкочанетост, парализа и нарушувања на циркулацијата во пределот на долниот дел на ногата и стапалото.
Постои зголемена веројатност за појава на цистата во случај на ревматско заболување.
Бејкеровата циста во некои случаи може да предизвика компликации. При силен притисок, цистата може да руптурира (пукне), изливајќи ја течноста во меките ткива на листот, предизвикувајќи синдром на компартман.
Дијагноза
[уреди | уреди извор]Дијагнозата се потврдува, покрај клиничко-мануелниот преглед, со помош на ултразвук (сонографија) или евентуелно со магнетна резонација (МРТ). Со помош на овие методи можат да се исклучат или потврдат други состојби, т.е. диференцијални дијагнози, како што се аневризмите на поплитеалната артерија или вена.
-
Бејкерова циста во магнетна резонанца (страничен/сагитален пресек). Врската со зглобот не е прикажана.
-
Бејкерова циста во магнетна резонанца со премин до зглобот (стрелка) помеѓу мускулите M. semimembranosus и M. gastrocnemius Caput mediale.
-
Бејкерова циста во МРТ (аксијален пресек) со премин (стрелка) помеѓу M. semimembranosus и M. gastrocnemius caput mediale.
Терапија
[уреди | уреди извор]Хируршкото отстранување (ресекција) е ретко корисно, бидејќи Бејкеровата циста е предизвикана од зголемена течност во зглобот на коленото. Терапијата на Бејкеровите цисти започнува затоа во зглобот на коленото. Ако оштетувањето на зглобот се поправи, цистата може да се повлече. Во спротивно, постои релативно голема веројатност дека Бејкеровата циста повторно ќе се развие откако ќе биде отстранета (рецидив). Како и секоја операција, операцијата носи одреден ризик од инфекција.[1]
Дополнително, цистата вообичаено може да се третира или отстрани од трауматолошки хирург или ортопед преку пункција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Stoller, Tirman. Diagnostic Imaging Orthopaedics. Elsevier, Amyrsis
Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |