Бесконечен базен (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Бесконечен базен“
Плакатот на филмот
РежисерБрендон Кроненберг
Продуцент
СценаристБрендон Кроненберг
Главни улоги
МузикаТим Хекер
КинематографијаКарим Хусеин
МонтажаЏејмс Вандевотер
Студио
Премиера22 јануари 2023 (Sundance)
27 јануари 2023 (Канада)
Времетраење118 минути[1]
Земја
Јазик
Бруто заработка5,2 милиони долари[2]

Бесконечен базен[3] (англиски: Infinity Pool) — филм на ужасите во режија на Брендон Кроненберг. Главните улоги ги толкуваат Миа Гот и Александер Скарсгорд. Филмот ја имал својата светска премиера во јануари 2023 г. на кинофестивалот Санденс и бил објавен на 27 јануари 2023 г.

Содржина[уреди | уреди извор]

Писателот Џејмс Фостер и неговата сопруга Ем поминуваат време во одморалиште во измислената приморска земја Ли Толка, каде што е во тек местен фестивал. Хроничните брачни кавги на парот се влошуваат кога Габи, обожавателка на единствениот роман што Џејмс го објавил досега, ги поканува да поминат време со неа и нејзиниот сопруг Албан. Четворицата вечераат и решаваат следниот ден да го поминат во природа, иако се предупредени дека летувалците треба постојано да останат во комплексот на одморалиштето. На плажа, додека Џејмс моча зад дрво, Габи неочекувано го зграпчува одзади и продолжува да му го дрка. По долгиот ден на сончање и готвење, туристите пијано се враќаат до нивниот хотел. На пат, Џејмс случајно прегазува местен човек, убивајќи го. Габи настојува дека не можат да повикаат полиција, бидејќи земјата е расипана и можат да бидат во опасност.

Следниот ден, Џејмс е уапсен и му е кажано дека казната за неговото дело е смрт од раката на првородениот син на мртвиот. Сепак, земјата има несекојдневен правен систем со кој виновниците, за висок износ, можат да бидат клонирани и да бидат убиени нивните двојници наместо нив. Џејмс, кој се оженил за пари, го плаќа износот за да избегне погубување. Сепак, како дел од договорот, тој мора да го гледа извршувањето на неговиот двојник. Ем е згрозена од целото дело и сака веднаш да си замине, но Џејмс е восхитен од глетката и сака да остане. Го крие пасошот, тврдејќи дека го изгубил и ја охрабрува Ем да се врати во САД. Џејмс го продолжува престојот за една недела и повторно се среќава со Габи и Албан. Тие го запознаваат со мала група западни летувалци, кои сите биле осудени за тешки злосторства и платиле да гледаат како се убиваат нивните двојници. Овие луѓе годишно се враќаат во одморалиштето, вршат грозоморни злосторства и плаќаат за да гледаат како нивните двојници се колат. Во текот на следните неколку дена, тие го охрабруваат Џејмс да се преобрази во слободен злосторник, охрабрувајќи го да ги убива месните жители, да се впушта во оргии во алкохолизирана состојба и да го злоупотребува кадарот во одморалиштето.

Џејмс е потресен една ноќ кога е измамен да малтретира свој двојник за кој бил наведен да верува дека е полицискиот детектив што првично го уапсил. Во миг на јасност и паника, Џејмс го зема својот скриен пасош и се обидува да побегне, но туристичката група го напаѓа и го грабнува од автобусот што го превезува до аеродромот. Габи открива дека го смета за беден и дека групата го злоупотребува за своја забава, надевајќи се дека ќе го претвори во нивен колега убиец. Тој бега во блиската дивина. Габи му пука во нога додека бега. По повеќечасовно талкање, Џејмс паѓа на фарма, каде месното семејство го носи за да се опорави. Во својата издрогирана состојба, тој доживува серија халуцинации. Откако ќе ја поврати својата сила, тој повторно се соочува со групата на Габи, која му наредува да убие свој двојник, кој го нарекуваат „кучето“ за да ја заврши неговата преобразба. Тој првично одбива, но кога двојникот се обидува да го убие, Џејмс го претепува до смрт. Очигледно вознемирен, Габи го теши Џејмс со изложување на голите гради, поканувајќи го да дои. Следниот ден, додека се враќаат во САД, другите туристи лежерно разговараат за претстојните обврски, додека Џејмс е видно потресен од настаните од изминатите неколку дена. Чекајќи го својот лет на аеродромот, тој решава да остане и се враќа во затвореното одморалиште, каде што седи сам сред дождот на монсуните.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Infinity Pool (2023)“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот February 17, 2023. Посетено на February 17, 2023.
  2. Предлошка:Cite BOM
  3. MIDb. „Бесконечен Базен | Infinity Pool (2023)“. MIDB. Посетено на 2024-01-14.
  4. Willmore, Alison (January 27, 2023). „The Numbing Spectacle of Infinity Pool“. Vulture. Архивирано од изворникот February 2, 2023. Посетено на February 2, 2023.