Белградска порта (Цариград)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белградска порта
Поглед кон портата
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Втората воена порта или Белградската порта се наоѓа помеѓу 22 и 23 кула[1]. Според Никита Конијатес, во 1189 година портата била целосно излолирана од страна на Исак II Ангел бидејќи според пророштвото ова била портата преку која царот Фридрих Барбароса ќе навлезе во градот[2]. Во затворена положба портата била до 1346 година[3], а во времето на опсадата на градот во 1453 година, таа повторно била затворена. Во таков вид останала до 1886 година, кога била повторно отворена и позната како Капали капи или Затворена порта[4]. Денеска портата е позната како Белградска порта според српските занаетчии кои живееле во реонот во времето на Сулејман Величествениот откако тој го освоил Белград во 1521 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Meyer-Plath & Schneider 1943, стр. 63–64
  2. Choniates & Magoulias 1984, стр. 222
  3. Kantakouzenos 1831, стр. 558
  4. Meyer-Plath & Schneider 1943, стр. 63