Балада за свирепото
„Балада за свирепото“ (српски: Балада о свирепом) — филм на режисерот Радивоје Лола Ѓукиќ од 1971 година. Главните улоги ги играат: Љуба Тадиќ, Јагода Калопер, Драгомир Бојаниќ Гидра, Раде Марковиќ, Петре Прличко итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Дмитар (го игра Тадиќ) е самотник кој со години живее сам во планината, во својата шумска колиба. Своевремено, тој ја затекнал сопругата в кревет со друг човек и во знак на одмазда, го натерал љубовникот да ѝ плати на неговата жена еден сребреник за услугата, а неа ја посрамотил пред луѓето. Тогаш, жената го напуштила, заедно со синот. Многу години подоцна, во колибата доаѓа брат му на Дмитар со молба да му помогне да фати една разбојничка банда која треба да помине тука. Водач на бандата е некогашниот љубовник на жената на Дмитар. Тогаш, меѓу разбојниците Димитар го препознава и својот син и одлучува сурово да се одмазди. Но, во таа прилика ќе настрада и Дмитар, кој конечно сфаќа дека човекот не е роден за да живее осамен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Српски филмови
- Југословенски филмови
- Филмови на Инекс филм
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1971 година
- Филмови на Радивоје Лола Ѓукиќ
- Филмови со Иван Бузанчиќ
- Филмови со Љуба Тадиќ
- Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра
- Филмови со Раде Марковиќ
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Јагода Калопер
- Филмови со Абдурахман Шаља
- Филмови со Игор Гало