Ајдучка чешма (роман)
Автор | Видое Подгорец |
---|---|
Изработувач на корицата | Александар Каевски |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Македонска книга |
Издадена | 1970 |
Медиум | печатено издание |
„Ајдучка чешма“ - роман за ајдутскиот период од македонската историја од македонскиот писател Видое Подгорец. Книгата била пишувана во Зеница, Колешино и Скопје од 1961 до 1964 година. Издадена е во 1970.
Содржинa
[уреди | уреди извор]Романот се состои од пролог, главен дел со 20 глави, секоја од нив насловена, и епилог, а дејствието го раскажува белобрадиот овчар како омнисцентен раскажувач. „Ајдучка чешма“ е поетски напишана и овековечена приказна за ајдутскиот период од македонската историја. Приказната за ајдутскиот војвода Коте, по неговата смрт заменет од неговиот син Илко, судбината на Сребра, сестрата близначка на Илко и мајката Гроздана, вешто раскажана од брилијантното перо на Видое Подгорец, го одржува вниманието на младиот читател до самиот крај. Изненадувањето се крие во епилогот кој се открива и идентитетот на белокосиот овчар кој ја раскажува и предава легендата за ајдуците како и за имињата на топонимите низ Подгорјето и селото Брест кои се споменуваат во приказната.
Изданија на книгата
[уреди | уреди извор]Романот „Ајдучка чешма“ е издаден во 1970 година.
- Прво издание од септември 1970 година како издание на издавачката куќа: „Македонска книга“. [1]Илустрациите и нацртот на корицата се на Александар Каевски. Тиражот на книгата бил 5000 примероци.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Видое Подгорец, Ајдучка чешма, Македонска книга, Скопје, 1970.