Атанасиос Минопулос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атанасиос Минопулос
Athanasios Minopoulos, of Varvara (Chalkidike).jpg
Роден 1 јануари 1874
Касанра, денес Грција
Починал 1962
Солун, Грција

Атана̀сиос Мино̀пулос (грчки: Αθανάσιος Μινόπουλος) бил андартски капетан, и учесник во Борба за Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Четата на Минопулос.

Минопулос е роден во сиромашно семејство на 1 јануари 1874 година во халкидичкото село Варвара, тогаш во Османлиското Царство. Во текот на целиот свој живот остана неписмен. Учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година како доброволец во инженерски баталјон.

Со засилувањето на грчката воружена пропаганда зема учество во Борбата за Македонија. Во 1903 година го снабдувал грчкото конзуларство во Солун со податоци за доставувањето на оружје од страна на Македонската револуционерна организација за нејзините чети. Во 1904 година станал андартски капетан, а со неја дејствувал сè до 1908 година во Серско и Халкидичкот полуостров [1] .

Во 1912 година учествувал во Првата балканска војна под команда на Константинос Мазаракис. Во 1938 година Минопулос го добил Медалот на македонската борба. Умира во Солун во 1962 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ο μακεδονομάχος Αθανάσιος Μινόπουλος