Прејди на содржината

Атанасика Атанасоска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Атанасика Атанасоска ( 1924 во Крушево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Членувала во СКОЈ од 1942 година. Со обновувањето на партиската организација во Крушево во 1943 година во нејзиниот дом се чувала собраната народна помош и оружје. Честопати овој материјал го пренесувала од едно на друго место и го предавала на борците. Вршела курирска работа и чувала стража кога во нејзиниот дом се одржувале партиски состаноци.[1]

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 984.