Асли Енвер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Асли Енвер (турски: Aslı Enver; р. 10 мај 1984 во Лондон) — турска филмска и телевизиска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Асли е родена на 10 мај 1984 година во Лондон, Англија каде живеела до својата 12. година. Нејзиниот татко, Турчин кој пораснал во Лондон, ја запознал нејзината мајка Дилек и се оженил со неа, која дошла од Турција да студира таму. Асли не знаела да зборува турски кога пристигнала во Истанбул како дете (во 1996 година), а подоцна научила да го зборува течно. Нејзиниот мајчин јазик е англиски и има британски пасош. Нејзините родители се разведени, таа живее со нејзината мајка. Како тинејџерка победила на натпревар за песна во Лондон, пеела во црковен хор, а потоа започнала да игра во театар во „Мугдат гезен арт“ во Истанбул. Завршила средно уметничко училиште и дипломирала театарска глума на Универзитетот „Халиќ“. Има глумено во разни филмови и серии.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таа се омажила за глумецот Биркан Сокулу на 13 јули 2012 година и се развела од него по 3 години. Потоа започнала врска со пејачот и актер Мурат Боз, кого го запознала на снимањето на нивниот филм „Мојот брат“, а нивната врска траела до април 2018 година, па се помириле по неколку месеци. Нејзина блиска пријателка е познатата глумица Долунај Сојсерт.