Аска и волкот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иво Андриќ 1961

Аска и волкот е расказ кој го напишал Иво Андриќ. Приказната симболично ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, убавото и грдото. Аска е необична овца која со играње се обидувада да го маѓепса волкот, и така да ја победи сигурната смрт. На крајот успева во тоа.

Тема[уреди | уреди извор]

Играта за живот на Аска.

Случка[уреди | уреди извор]

Уште како мала овчичка Аска се разликувала од своите врсници. Додека останатите овчички биле добри и мирни, Аска била мала, расејана, немирна и нескротлива. Не ја следела својата мајка, а ни останатите овци од стадото, туку талкала по патиштата кои сама ги наоѓала. Била љубопитна и смела, самостојна и упорна во своите намери. Имала чудна и опасна навика да заскита далеку од овчјите пасишта и да бара пасиште на некои непознати и оддалечени места. Нејзината занесеност и опиеност од пределот кој ја опкружувал ја довеле во опасност и таа еден ден се нашла лице в лице со страшниот волк. Соочена со смртта, исплашена и свесна, дека во тој момент никој не може да и помогне Аска одлучила да игра, со својата игра да си го продолжи нејзиниот живот. Нејзините први движења биле не сигурни и не внимателни, како во грч. Тоа била скромна игра на смрт на осуденото тело, но доволно убава да го изненади итриот волк и да го привлече неговото внимание. Со ужасно чувство во срцето дека не смее да застане. Аска искористувајќи го сето свое знаење научено од училиштето, тргнала со својата игра, која била надвор од сите училишни правила и се што се учи и знае. Од нејзиното тело ги извлекувала неочекуваната сила и вештина, а нејзините движења биле се поубави и поубави. Невнимателна и скромна игра се претворила во чудесна игра и совршен призор на убавина. Иако била млада и неискусна, Аска успеала со својата игра за живот да го надигра и превари искусниот и итар волк, кој занесен и воодушевен од убавината пред себе, станал не внимателен и лесна мета за овчарите. Нејзината игра и помогнала да го совлада стравот од смртта и да ја преброди опасноста во која се нашла.

За Аска смртта не бил единствениот избор. Таа избрала нејзиното последно движење да биде игра и играла како никогаш досега. Нејзината игра не била само игра, таа била чудо не видено. Со својата воља за живот, сила и уметничка убавина, Аска ја победила смртта, и им покажала на сите дека уметноста и волјата за отпор го победуваат секое зло, па и самата смрт.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Андриќ, Иво: Велики Распуст, Белград, Bookland, 2012

Наводи[уреди | уреди извор]