Арастрадеро (поток)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Потокот Арастрадеро (англиски: Arastradero Creek) е сезонски поток во должина од 3,9 km[1] во округот Санта Клара, Калифорнија, САД. Неговата насока на течење е во североисточен правец. Изворот му се наоѓа во Палоалтовските ридови под Сантакрушките планини. Неговиот тек е во природниот резерват Арастрадеро сè до утоката во потокот Матадеро. Овој поток е дел од сливното подрачје на Санфранцискиот Залив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The National Map - Advanced Viewer“. viewer.nationalmap.gov. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 2020-05-09.