Ао (митологија)
Ао (дневна светлина) ― едно од главните богови кои се неродените сили на природата во маорската митологијата. Ао е персонификација на светлината, облаците и обичниот свет, наспроти темнината (По) и подземјето.[1]:14
За него се зборува под многу облици или прикажувања, вклучително и Аотуроа (траен ден, овој свет)[2] и Аотахи (светол ден, свет на светлина и живот).[1]:14 Со неговите придружници Ата (утро) и Фаитуа (простор) Ао им се спротивставува на силите на темнината.[1]:14
Генеалогија
[уреди | уреди извор]Ао се појавува еволурајќи преки облиците на Аонуи, Аороа, Аоуенеке, Ао-уетара од темнината како дел од големите космолошки генеалогии во традициите на Те Арава, како дел од создавањето на универзумот.[1]:667
Аонуи, Аороа, Аопоури, Аопотанго, Аофетума, Аофекере, Аокахиуахиуа, Аоканапанапа, Аопакакина, Аопакареа и Аотакауе исто така биле атуаските имиња кои биле облаците од невремето, децата, од Тафириматеја, кои биле испратени да ги казнат неговите браќа по разделбата на неговите родители, Ранги и Папа.[1]:15
Во верзијата запишана од Хукики Те Ахукарами, главатар на Нгати Раукауа, Те Ао е роден од Те Ата, што и самиот потекнувал од темнината.[3] Последниот облик на Ао во верзијата на Хакики е Те Ао Марама.[3] Слична е и верзијата дадена од Каи Таху од Моераки.[4]
Сеполинезиски
[уреди | уреди извор]Во Тахити, Аонуи бил престојувалиштето на Тане во небото, и Аоаомараија е откривач на огнот; слична улога има и Мауи во другите делови на Полинезија.[1]:14[б 1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Tregear, Edward (1891). The Maori-Polynesian comparative dictionary. Lambton Quay, Wellington: Lyon and Blair. стр. 14. Посетено на 10 јули 2021.
- ↑ „Aoraki/Mount Cook: DOC's Maori role“. Department of Conservation. Посетено на 10 јули 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Royal, Te Ahukaramū Charles (2005). „Māori creation traditions: Common threads in creation stories“. Te Ara Enyclopedia of New Zealand. Посетено на 10 јули 2021.
- ↑ Shortland, Edward (1856) [1854]. Traditions and Superstitions of the New Zealanders. London: Longman, Brown, Green, Longmans & Roberts. стр. 56. Посетено на 10 јули 2021.