Античка музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Античката музика е музика која се развила кај писмените култури заменувајќи ја праисториската музика. Терминот античка музика се однесува на музичките системи кои се развиле во различни географски региони како што се Месопотамија, Египет, Персија, Индија, Кина, Грција и Рим (Видете музика од Месопотамија, грчка музика, римска музика). Античката музика е обележана со карактеризација на основните јасни тонови и скали. Можела да се пренесува преку усмени или писмени системи.

Месопотамија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Музика од древна Македонија.

Ана Драфкон Килмер од универзитеот на Калифорнија во Беркли во 1986 година го објави нејзиниот превод на клинестата плоча од Нипур која датира од пред околу 2000 години п.н.е. покажувајќи дека содржи нецелосни инструкции за изведување на музика и дека музиката е компонирана во третински хармонии, исто така дека е напишана со користење на дијатонска скала(Килмер 1986). Нотацијата во оваа табла не е до толку развиена како што е во подоцнежните клинести табли кои датираат од пред околу 1250 години п.н.е. (Килмер 1965). Иако толкувањето на системот на нотацијата сеуште е контроверзно јасно е дека нотацијата ги наведува имињата на жиците на лирата, чие штимање е објаснето во други табли (Вест 1994).

Овие табли ги претставуваат најраните забележани мелодии, иако нецелосни, од насекаде во светот (Вест 1994).

Харфите на Ур[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Лирите на Ур.

За време на ископувањето на урнатините на древниот град Ур кој се наоѓал во древна Месопотамија, денешен Ирак во 1929 година Леонард Вули открил делови од четири харфи. Дел од фрагментите се во Универзитетот на Пенсилванија , дел во Британскиот музеј во Лондон, а дел во Багдад. Датираат 2.750 години п.н.е.. Имало обиди за многу реконструкции, но ни една не била сосема задоволувачка. Во зависност од разните дефиниции тие би можеле да бидат класифицирани како лири наместо харфи. Најпозната е харфата со глава од бик во Багдад. Втората заливска војна довела до уништувањето на харфата со глава од бик и има обиди да се свири на нејзина реплика како дел од патувачки оркестар.

Харфи од Асирија и Египет[уреди | уреди извор]

Асурбанипал (705-681 п.н.е.) бил крал на Асирија. Во главениот град , Нинива, има барелеф кој го покажува падот на Јудејскиот град Лахис. Во поворката е оркестарот од еламитскиот двор содржан од седум свирачи на лира и еден ,се претпоставува, свирач на цимбал. Лирите изгледа дека имаат седум жици. Прикажани се харфи на ѕидни слики од времето на Рамзес III од Египет, околу 1200 п.н.е.. Во „Гробот на Харфистите" има барелеф со двајца слепи музичари. Џејмс Брус го опишал во 1768 и понекогаш е познат како гробот на Брус.

Хуритска музика[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хуритска песна.

Меѓу хуритските текстови од Угарт се дел од најстарите случаи на запишана музика кои датираат од 1800 п.н.е.. Реконструирана химна може да се слушне на Уркеш страницата.

Древна Индија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Музика во древна Индија.

Видете и: Античка Тамил музика и Потекло и историја на карнатската музика

Музички инструменти, како што е флејтата со седум дупки и разни видови на жичени инструменти, биле пронајдени во археолошките наоѓалишта на цивилизацијата од индиската долина. Самаведата се состои од збирка (самхита) на химни, делови од химни и одвоени стихови сите освен 75 земени од Ригведата кои ги пееле Удгатар свештеници користејќи специјално означени мелодии наречени Самагана за време на жртвувања во кои сокот на растението Сома прочистено и измешано со млекои други состојки се истура како дар за боговите. Во древна Индија меморирањето на светите Веди вклучувало и до единаесет форми на рецитирање на истиот текст.

Натја-шастра е древна индиска расправа за репродуктивната уметност опфаќајќи го театарот, танцот и музиката. Не е сигурно кога била напишана(меѓу 200 п.н.е. и 200 н.е.) во класична Индија. Натја-шастра се темели на уште постарата Натја Веда која содржи 36000 слока. Но, за жал денес не постои примерок од Натја Веда. Постојат стручњаци кои веруваат дека била напишана од различни автори, во различни периоди. Најстручното оразложение за Натја-шастра е „Абхинавабхарати" од Абхинавагупта. Иако голем дел од расправата за музиката во Натја-шастра се концентрира на музичките инструменти, нагласени се и неколку теоретски аспекти кои имаат фундаментално значење за индиската музика:


1. Воспоставувањето на Шадја како првата, одредувачка нота од скалата или грамата.

2. Два принципи на хармонија: Првиот принцип наведува дека постои фундаментална нота Авинаши и сеприсутна и непроменлива нота Авилопи во музичката скала. Вториот принцип, често сметан за закон, наведува дека постои хармонија меѓу нотите , најдобрата меѓу Шадја и Тар Шадја, и вториот најдобар меѓу Шадја и Панчам.

3. Натја-шастра исто така го предлага поимот за музички модули или јати што е потекло на поимот за модерните мелодиски структури познат како рага. Нивната улога во повикувањето на емоциите е нагласена. Затоа композициите кои ги нагласуваат нотите Гандхара или Ришабха се поврзуваат со трагедијата (каруна раса), а пак оние кои ја нагласуваат Ришабха будат хероизам (в’ла раса)

Јатите се образложени во текстот Даттилам составен во исто време како и Натја-шастра.

Натја-шастра исто така укажува на неколку аспекти на музички изведувања, особено во примената на вокални, инструментални и оркестарски композиции. Таа исто така се занимава со Расите и Бхавите кои може да бидат разбудени од музиката.

Древна Кина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Гучин.

Историјата на древниот кинески инструмент Гучин е долга. Споменат е во кинески ракописи кои датираат од пред речиси 3000 години, а слични инструменти се пронајдени во гробови стари околу 2500 години. Во јужно кинеските гробници откопани биле добро сочувани цинти кои изгледаат на сличен инструмент кој е подолг и со по малку жици, но тие не се именувани во гробниците. Според кинеските легенди чинот имал 5 жици но околу 1000 п.н.е. биле додадени две.

Древна Персија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Музика во древна Персија.

Малку се знае за музиката во древна Персија, познат ни е фактот дека разновидни инструменти како што се лаутата и флејтата биле правени и свирени. Се вели дека инструметите , како на пример „Барбатот” (претходник на лаутата, модерната форма се нарекува Оуд ,или Уд во арапските земји и Турција), потекнуваат од овој период, најверојатно околу 800 п.н.е.. За време на Археменидското царство, познатото „Персиско Царство”, Херодот изјавил дека музиката играла важна улога, особено во судот. Тој споменал дека музиката е од клучно значење за религиозни церемонии посветени на обожувањето на богот Митра.

Античка Грција[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Музика на античка Грција.

Античките грчки музичари развиле сопствен груб систем на музичка нотација. Системот не бил многу користен од грчките музичари, но сепак има остатоци од скромна документација на музички нотации од античка Грција и Рим. Хомеровите епови првично биле пеени со придружба на инструменти, но нема археолошки докази за музичките нотации на Хомер. Неколку потполно зачувани песни постојат во музичките нотации на античка Грција. Епитафот на Сејкил е најстарата потполно зачувана музичка композиција од грчката или која било друга традиција. Постојат три целосни химни во ракопис на Мезомед од Крит (2-ри век н.е.). Покрај тоа, сочувани се многу остатоци од грчката музика вклучувајќи остатоци од трагедии меѓу кои се хорската песна на Еврипид за неговата Орест и инструменталната меѓуигра во Ајакс на Софокле. Римјаните немале свој систем на музичко нотирање, но очигледно е дека неколку Римјани го научиле грчкиот систем. Теренциј поставил ред музика во „Свекрва” кој можно е да бил нотиран од неговиот композитор Флакус. Познато е дека дел од античката музика не била стриктно монофона. Некои остатоци од грчката музика како што е фрагментот Орест јасно бара повеќе од една нота да биде отсвирена во исто време. Грчките извори го нарекуваат ова техника на свирење на повеќе од една нота во исто време. Покрај тоа, двојанките кои ги користеле античките Грци и Персијци, древните гајди, испитувањата од древните цртежи на вазни, ѕидови итн. и античките записи (како што е Аристотел, Проблеми, Книга XIX.12) кои ги опишуваат музичките техники од тоа време го потврдуваат постоењето на хармонијата. Една од цевките на двојанката се претпоставува дека служела како бордунска цевка со единствен страничен мелодиски отвор (бордунски тон), а другата како мелодиска цевка со шест мелодиски отвори на која се изведува мелодијата. Килмеровото дежифрирано клинесто писмо укажува на тоа дека истовременото свирење на два различни тона било практикувано одамна, можеби од 2000г. п.н.е.

Древен Рим[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Музика од древен Рим.

Познати се теориите на Питагора и Аристоксен (дел од грчки изводи и дел од подоцнежните романски писатели) и постојат околу 40 дешифрирани примери за грчкото нотирање на музиката. Многу малку останало од музиката на Римјаните. Постојат разни причини за ова, една од нив е дека ранохристијанските црковни отци биле против музиката во театарот, фестивалите и паганските религии и ја забранале веднаш штом христијанството станало официјална религија на Римската империја. Римјаните не биле креативни или оригинални во музиката. Тие не припишувале духовен етос на музиката за разлика од Грците. Но, ако Римјаните биле љубители на грчката музика како што биле љубители на целата грчка култура тогаш можеме да претпоставиме дека римската музика била главно монофона ( единечни мелодии без хармонија) и дека мелодиите се базирале на сложен систем на скали (наречени „модули”). Ритамот на вокалната музика , најверојатно, го следела природниот метар на стиховите. Се претпоставува дека Римјаните го позајмиле грчкиот метод на „енхириадичка нотација” за запишување на својата музика, ако воопшто користеле нотирање. Се користеле четири букви (a, g, f и c) за запишување на низа од четири последователни тонови со опсег на тетракорд. Над буквите се запишуваат знаци за такт, за да се означи траењето на нотата.

Поврзано[уреди | уреди извор]