Стилови во музиката

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Историја на музиката)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во историјата на музиката секоја епоха имала свои специфични карактеристики — свој стил[1], по кој тој се препознава. И брилијантните креатори — композитори, пишувајќи во духот на времето, дале свои дела и личен печат, а оствариле и свој личен стил. Затоа,  се вели дека стилот во музиката е начин на музичко размислување на некое доба и поединци во него.[2]


Ренесанса[уреди | уреди извор]

Во Ренесансата (15 и 16 век), се јавила желба старата уметност (антиката) да се прикаже во ново преродбено издание (анг. renaissance значи преродба)[3]. Тоа било време кога се печателе првите ноти (Јохан Гутенберг). Најзначајните претставници на ренесансата биле Џовани Пјерлуиџи де Палестрина и Орландо ди Ласо.

Барок[уреди | уреди извор]

Во барокот (крајот на 16 и почетокот на 18 век) прв пат силно се развила инструменталната музика. Како што во сликарството и архитектурата на барокната уметност карактеризираат сјај и големина, многу украси и немирни, преплетени линии, контрасти на светло и темно, такви слични карактеристики се забележуваат и во музиката на таа епоха: таа изобилува со орнаменти (украси), истовремено звучат и мелодискии самостојни гласови (полифонија), контрастите f и p се ненадејни (без крешендо и декрешендо), и ритамот тече во постојано движење. Најзначајните композитори од барокот композитори се од Јохан Себастијан Бах, Антонио Вивалди и Џорџ Фридрих Хендл.

Класицизам[уреди | уреди извор]

Во класицизмот (втората половина на 18 и почетокот на 19 век) преовладува интелектот над чувствителноста. Тешкиот и украсен барок настапува место класичарската леснотија, јасност и правилност во мелодија, ритамот и обликот. Водечката мелодија се издвојува од хармонската поддршка. Во тоа време настануваат првите концерти за кларинет.

Најзначајните претставници на музичкиот класицизам се: Јозеф Хајнд, Волфганг Амадеус Моцарт и Лудвиг ван Бетовен.

Романтизам[уреди | уреди извор]

Во романтизмот (19. век)  доминираат фантазијата и чувствителноста, наспроти класичарската воздржаност. Креаторите ја замислувале магијата во себе, се повлекувале во светот на имагинацијата, се обраќале на  легендарното минатото, ја опишувале убавината на природата. Мелодијата станува поголема, пораспеана, обоена хроматски и со динамични контрасти.

Инструменталниот виртуозитет доживеал свој процвет а се пишувале и многу концерти. Претставници на почетокот на романтизмот на првата половина на 19 век се Карл Марија фон ВеберФранц Шуберт, Џоакино Росини, Луис Шпор, Роберт Шуман , Фредерик Шопен, Феликс Менделсон.

Во мелодијата и хармонијата имало се повеќе хроматика како израз за нагласена емотивност. Овој период, припаѓа во Германија - Франц Лист, Рихард Вагнер, Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер, Макс Регер, Рихард Штраус, во Франција - Хектор Берлиоз, Сесар Франк, во Италија (опера) од  Џузепе Верди, Џакомо Пучини .

Гранката романтизам ја сочинува и т.н. национална школа, пред се руската (Михаил ГлинкаПетар Илич Чајковски, Модест Мусоргски, Николај Римски-Корсаков) и чешка (Беджих Сметана, Антонин Дворжак). Овие композитори користеле живописни и впечатливи елементи на музичкиот фолклор на својот народ.

Импреионизам[уреди | уреди извор]

Импресионизам (крајот на 19 и почетокот на 20 век) добил свое име според зборот импресија, што значи впечаток. Музиката се поврзува со сликарство: се опишуваат впечатоци од природата се доживуваат и искажуваатна посебен, нов начин со ново сфаќање на звучниот колорит. Мелодијата се запоставила — често била расцепкана, фрагментирана, а предност се давало на тонската боја, хармонијата, и како и обично сложениот ритам. Најзначајните претставници се Французите: Клод Дебиси и Морис Равел.

Линкови[уреди | уреди извор]