Прејди на содржината

Аникините времиња (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Аникините времиња“ (српски: Аникина времена) — филм на режисерот Владимир Погачиќ од 1954 година, заснован врз истоименото дело на Иво Андриќ. Главните улоги ги играат: Милена Дапчевиќ, Братислав Грбиќ и Љубинка Бобиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Аника е млада девојка која сака само еден човек, но тој е полн со комплекси, нема сила и храброст да се соочи со животот, па не е во состојба да ѝ ја возврати љубовта. Влегувајќи многу авантури, Аника се обидува да пронајде друг човек кого ќе го засака, но не успева во тоа, иако многумина ѝ нудат љубов.