Ана Голејшка Џикова
Изглед
Ана Голејшка Џикова (р. 1987) — македонска писателка и поетеса.
Творештво
[уреди | уреди извор]Голејшка Џикова е авторка на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка на книжевните читања под наслов „Астални проекции“, а исто така е еден од организаторите на „Скопскиот поетски фестивал“.[1] Три нејзини раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 337-340.