Анастасија Заворотник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анастасија Заворотник
Заворотнюк Анастасия.jpg
Роден(а)Анастасија Јуревна Заворотник
Занимањеактер
Активен1991 – денес

Анастасија Заворотник (руски: Анастасия Юрьевна Заворотнюк, родена на 3 април 1971 во Астрахањ) е руска глумица, телевизиска водителка и заслужен уметник на Руската Федерација.

Таа е родена во Астрахањ. Нејзината мајка, Валентина Заворотник е исто така глумица која работела во малдинскиот театар во Астрахањ. Нејзиниот татко пак, Јури, работел во телевизија и бил член на академијата на руската телевизија.

Уште од најрани години, Анастасија одлучила и таа да стане актер. Во слободното време одела на часови по музика, танцување. Заминала да учи на Московскиот уметнички театар. Во 1991 година го имала своето деби на филмската сцена, и тоа во филмот Маша. Во 1993 година дипломирала на факултетот под раководство на Олег Табков.

Таа е позната по својата улога во Мојата убава дадилка.