Прејди на содржината

Алјоша Недев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алјоша Недев
Роден 13 ноември 1978
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање каратист
Татко Венцислав Недев
Роднини Дејан (брат)

Алјоша Недев (роден на 13 ноември 1978 година во Скопје) — македонски каратист.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Алјоша Недев дипломирал на Факултетот за физичка култура во 2006 година во Скопје. Репрезентативец на традиционално карате (од 1992). Повеќепатен државен шампион на Македонија и учесник на балкански, европски и светски првенства; освојувач на 2 сребрени и 1 бронзен медал на европски првенства и 1 сребрен и 1 бронзен медал на светски првенства за сениори. Избран меѓу најдобрите 8 каратисти на светот (2005).

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Недев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1039. Text "series " ignored (help)