Александар Наумоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Наумоски
На должноста
2017–2021
Противкандидати Владо Мисајловски
Претходник Сокол Митровски
Наследник Александар Стојковски
Лични податоци
Роден(а) 15.06.1977
Националност Македонец
Партија СДСМ
Образование Дипломиран правник

Александар Наумоски[1] — градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ[2] во периодот од 2017 до 2021 година. Во моментов ја извршува функцијата Претседател[3] на СУНР[4] - Совет за унапредување и надзор на ревизијата е основан од страна на Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерот за финансии како самостојно и независно регулаторно тело.

Образование[уреди | уреди извор]

Во Ѓорче Петров завршува основно образование во ОУ „Мирче Ацев”, а средно образование во СУЦ „Васил Антевски Дрен”

Дипломира на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока граѓанско право. Има положено правосуден и нотарски испит.

Магистер е по уставно право на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Човекови права-Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур;

Течно зборува англиски јазик, основни познавања на францускиот јазик.

Кариера[уреди | уреди извор]

2001 декември – 2004 ноември, Адвокатска канцеларија – адвокатски приправник;

2002 октомври – 2003 јуни, регулирана воена обврска – Воено воздухопловство при АРМ, А-1 Персонален менаџмент, војник-правник;

2004 декември – 2005 октомври, Централен регистар на РМ – Едношалтерски систем – советник на генералниот директор за правни прашања;

2006 јануари – до април 2011, Министерство за правда на РМ – соработник во Секторот за поддршка на владиниот агент, застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и извршување на одлукте на Европскиот суд под надзор на Комитетот на министри при Советот на Европа.

Секретар на повеќе работни групи за изготвување на закони;

Член на Комитетот за подобрување на постапките за заштита на човековите права при Советот на Европа (DH-PR) 2008;

2011 април – 2013 ноември, Еуролинк осигурување АД Скопје, ликвидатор на штети по зелена карта во Сектор за зелена карта.

2013 ноември – 2016 декември, Извршен директор во Уготур АД Скопје;

2017 јануари – 2017 август, Приватен стопанственик, менаџер на Метал тринaесет ДООЕЛ;

2017 август – Директор на КПУ ЗАТВОР – СКОПЈЕ;

На локалните избори 2017 година (октомври) е избран за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

2022- до денес, Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија

  1. „Александар Наумоски“. Truthmeter. 2018-01-26. Посетено на 2024-01-11.
  2. „Социјалдемократски сојуз на Македонија“, Википедија, 2023-12-22, Посетено на 2024-01-11
  3. „За нас – СУНР“. Посетено на 2024-01-11.
  4. „СУНР – Совет за унапредување и надрзор на ревизија“. Посетено на 2024-01-11.