Алберт Гартман

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алберт Гартман (германски: Albert Gartmann; 1 мај 1876 – 11 април 1946) бил германски сликар.

Бил роден на 1 мај 1876 година во Гранзе во близина на Нојрупин. Пред да почне да студира сликарство во 1900 година на уметничката академија Диселдорф работел како декоративен сликар. Во Диселдорф студирал декоративно сликарство на Ликовната академија во класата на професор Петер Јансен. Во 1902 година заминува на Ликовната Академија во Берлин во класата на Георг Лудвиг Мејн и Артур Кампф. На 2 март 1908 година се оженил со Елисе Елена Онемулер, со која имал двајца синови. Во Берлин изработува портрети на познати личности и илустрации за списанија. Во 1908 година на Гартман му била доделена Големата државна награда на Берлинската академија за студиско патување во Италија и престој во студиото во римската вила Строл-Ферн, која во тоа време претставувала своевидна ликовна колонија. Тој престојувал во Рим од декември 1908 година до крајот на јуни 1909 година.

Во периодот помеѓу 1914-1918, Алберт Гартман е официјален воен сликар на Германската армија во Русија и Македонија. Насликува голем број на македонски пејсажи, градски сцени и воени сцени, воглавно следејќи го движењето на германската и бугарската армија. Голем број на негови слики се публицирани во Германските воени списанија. По војната живеел во Вимпфен кај Некар од 1918 до 1923 година, по што се сели во Чикаго, Лима, Сатиаго де Чиле, Рио де Жанеиро и Буенос Аирес. Починал на 11 април 1946 година во Буенос Аирес, Аргентина.