Акцент (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Акцент
Акцент во Букурешт, Романија
Биографски податоци
ПотеклоБукурешт, Романија
Жанровиденс-поп, еуропоп, хаус
Период на активност1999–сѐ уште
ИздавачиFire Records Ltd, ARY Musik Records, Magic Records, Roton, Ultra, Ministry of Sound, Robbins Entertainment, Warner, Universal, Sony
СоработнициСандра Н, Руксандра Бар, Лора, Едвард Маја, Лидија Бабл, Максим, XOXO, Reea, Аза, Амира
Поранешни членови
Класична постава
Мариус Неделчу
Михај Груја
Сорин Бротнеј

Други членови
Рамона Барта
Корнелиј Уличи

Акцент — романска електронска музичка група чии песни се на романски, англиски, полски, и шпански јазик. Групата била основана од Адријан Сина и Рамона Барта во Букурешт 1999 година. Нивниот прв сингл „Nu-mi pasă de nimeni“ добил позитивни реакции од публиката и им обезбедил договор со издавачката куќа Ротон во 1999.[1] Во 2000 го издале нивниот деби студиски албум Senzatzia кој бил неуспешен по што групата згаснала. Подоцна Сина ја трансформирал групата од дуо во машки бенд со пристигнувањето на Мариус Неделчу, Михај Груја, и Сорин Бротнеј. Синглот „Ti-am promis“ добил значителен простор во радио етерот.

Меѓународен успех доживеале со песните „Kylie“ и англиската верзија на „Dragoste De Inchiriat“. Песните се пласирале на првите места во повеќе европски земји како Франција, Германија, и Холандија. Групата во 2006 конкурирала да ја претставува Романија на Евровизија, но нивната песна „Jockero“ не победила иако подоцна станала број еден на романската топ листа. Во 2013 групата се разделила, а како нејзин единствен член продолжил Сина.[2] Сина бил член на жирито во првата сезона од романскиот Х Фактор.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • Senzatzia (2000)
  • În culori (2002)
  • 100 bpm (2003)
  • Poveste de viaţă (2004)
  • S.O.S. (2005)
  • Primul capitol (2006)
  • French Kiss with Kylie (2006)
  • King of Disco (2007)
  • Fără lacrimi (2009)
  • True Believers (2009)
  • Around The World (2014)
  • Love The Show (2016)
  • Лучшие хиты (2014)

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Пласман
РОМ ТУР БУГ ФИН ФРА ГЕР ХОЛ РУС ШВЕ ЕВР
2002 "Ți-am promis" 2
"Prima iubire" 2
"În culori"
2003 "Buchet de trandafiri" 5
"Suflet pereche"
2004 "Poveste de viață" 10
"Spune-mi hey baby"
2005 "Dragoste de închiriat" 2
2006 "Kylie" 1 3 8 8 21 4 4 85 18
"JoKero" 1 6 7 27 6 7 53
"French Kiss" 9 21
2007 "King of Disco" 7 18 153
"Let's Talk About It" 52
2008 "Umbrela ta"
2009 "Stay with Me" 1 9 9 22 7 79
"That's My Name" 4 15 12 6 10 24 9 32 133
"How Deep Is Your Love" 9 30
"Too Late To Cry" (Vivien O'Hara feat. Akcent) 72
2010 "Love Stoned" 32 99
"My Passion" 2 31 16 13 33 85
2011 "Feelings On Fire" 95 69
"Angel" (Adrian Sînă feat. Sandra N.) 7 16 27 15 8 19
2012 "I'm Sorry" (feat. Sandra N.) 6 12 23
"Back To Me" (Adrian Sînă feat. Diana Hetea)
"Chimie intre noi" 64
2013 "Arde ceva" (Adrian Sînă) 20
"Boracay" (Adrian Sînă feat. Sandra N.) 3
"Lacrimi Curg" (Adrian Sînă)
2014 "Kamelia" (Sînă ft. Lidia Buble & DDY Nunes) 3 1
"Faina" (Adrian Sînă feat. Liv) 22
2015 "Dilemma" (Adrian Sînă feat. Meriam)
"Te Quiero" (ft. Galena)
"Amor Gitana" (Adrian Sînă feat. Sandra N.)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]