Активно подрачје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поедноставен дијаграм на магнетното поле во биполарно активно подрачје.

Активно подрачје е привремено подрачје во атмосферата на Сонцето кое се карактеризира со силно и сложено магнетно поле. Ваквите подрачја се често поврзувани со сончевите дамки и најчесто ги предизвикуваат силните ерупции како: коронарните исфрлања на маса и сончевите блесоци. [1] Бројот и местоположбата на активните подрачја на сончевиот диск во даден момент зависи од сончевиот циклус.[2][3][4][5][6]

Нумерирање на подрачјата[уреди | уреди извор]

На новозабележаните активни подрачја на сончевиот диск им се доделуваат 4-цифрени броеви од страна на Центарот за времнска прогноза во вселената (SWPC) на денот кога е за прв пат забележано. Броевите се доделуваат редоследно; на пример, ако се забележи активно подрачје по она означено како 8090 (или AR8090), на тоа подрачје му се доделува бројот AR8091.

Бројот на активни подрачја во јули 2002 година надминал 10.000, но сепак, SWPC продолжила да користи 4-цифрени броеви, со додавање на нули пред бројот. [7]

Сончеви дамки[уреди | уреди извор]

Активно подрачје на кое се гледа група од сончеви дамки.
Проширување на групата со тек на време

Силниот магнетен флукс кој го има во активните подрачја, честопати е доволно силен за да ја попречува конвекцијата (предавање на топлина од едно тело на друго преку струење на некој флуид[8]). Без конвекцијата која ја пренесува енергијата од внатрешноста на Сонцето до фотосферата, се намалува површинската температура, а се намалува и интензитетот на зрачењето на црното тело. Овие места на поладна плазма се познати како сончеви дамки и често се појавуваат во групи.[9] Но, не сите активни подрачја имаат сончеви дамки.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zell, Holly (20 April 2015). „Active Regions on the Sun“. NASA. Посетено на 18 July 2021.
  2. Warren, Harry P.; Winebarger, Amy R.; Brooks, David H. (10 November 2012). „A SYSTEMATIC SURVEY OF HIGH-TEMPERATURE EMISSION IN SOLAR ACTIVE REGIONS“. The Astrophysical Journal. 759 (2): 141. arXiv:1204.3220. doi:10.1088/0004-637X/759/2/141.
  3. Del Zanna, G. (October 2013). „The multi-thermal emission in solar active regions“. Astronomy & Astrophysics. 558: A73. doi:10.1051/0004-6361/201321653.
  4. Basu, Sarbani; Antia, H. M.; Bogart, Richard S. (August 2004). „Ring‐Diagram Analysis of the Structure of Solar Active Regions“. The Astrophysical Journal. 610 (2): 1157–1168. doi:10.1086/421843.
  5. Hagino, Masaoki; Sakurai, Takashi (25 October 2004). „Latitude Variation of Helicity in Solar Active Regions“. Publications of the Astronomical Society of Japan. 56 (5): 831–843. doi:10.1093/pasj/56.5.831.
  6. Zhang, Jie; Wang, Yuming; Liu, Yang (10 November 2010). „STATISTICAL PROPERTIES OF SOLAR ACTIVE REGIONS OBTAINED FROM AN AUTOMATIC DETECTION SYSTEM AND THE COMPUTATIONAL BIASES“. The Astrophysical Journal. 723 (2): 1006–1018. doi:10.1088/0004-637X/723/2/1006.
  7. „Solar Region Summary | NOAA / NWS Space Weather Prediction Center“. www.swpc.noaa.gov. Посетено на 4 November 2021.
  8. Заев, Емил. „Топлинска Енергија Машински факултет - Скопје | Машински факултет - Скопје“. www.mf.ukim.edu.mk. Посетено на 2021-11-22.
  9. „SECEF Sunspot Resource“. image.gsfc.nasa.gov.
  10. „Solar Region Summary | NOAA / NWS Space Weather Prediction Center“. www.swpc.noaa.gov. Посетено на 4 November 2021."Solar Region Summary | NOAA / NWS Space Weather Prediction Center". www.swpc.noaa.gov. Retrieved 4 November 2021.