Акорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гитарист изведува C акорд со G бас.

Акорд е група од три или повеќе тонови отсвирени во исто време. Иако било кој број од било кои тонови е, технички, акорд, во праксата е откриено дека само некои акорди хармонски се употребливи.

Постојат повеќе видови на акорди и нивна инверзија, во зависност од тоа колку тонови се отсвирени и како се интервалски формирани. Алтериран акорд е акорд кој во себе го има тонот којшто претрпел хроматска промена. Намален акорд е акорд чии тонови, еден или повеќе, се снижени; Повишен акорд е акорд чии тонови, еден или повеќе, се повишени.

Квинтакорд и инверзии[уреди | уреди извор]

Квинтакорд, секстакорд и квартсекстакорд

Квинтакордот и неговите инверзии имаат по три тона.

Квинтакорд[уреди | уреди извор]

Како првиот и вториот, тако и вториот и третиот тон на квинтакордот се во терца. Целиот акорд е во квинта, се обележува со 5/3.

Секстакорд[уреди | уреди извор]

Секстакордот се добива со инверзија на квинтакордот. Неговиот прв и втор тон се во терца, додека вториот и третиот се во кварта. Целиот акорд е во секста - се обележува 6/3 и само 6.

Квартсекстакорд[уреди | уреди извор]

Квартсекстакордот е втората инверзија на квинтакордот. Првиот и вториот тон се во кварта, вториот и третиот се во терца а целиот акорд е во секста. Се обележува со 6/4.

Септакорд и инверзии[уреди | уреди извор]

Септакорд, квинтсекстакорд, терцквартакорд и секундакорд Септакорд и неговите инверзии имаат по четири тона. Септакордот се гради само на вториот, петтиот или седмиот степен. Доминантен септакорд е оној кој е изграден на петтиот степен, субдоминантен на вториот или четвртиот, а водечкиот на седмиот.

Септакорд, квинтсекстакорд, терцквартакорд и секундакорд

Септакорд[уреди | уреди извор]

Септакордот е акорд кој е граден од четири последователни терци. Доколку е потполн се обележува со 7/5/3, а непотполн се обележува со 7/3, а најчеста ознака е само 7. Разликуваме седум видови на четворозвук.

Голем дурски септакорд, кој е граден од дурски квинтакорд и голема септима. Мал дурски септакорд, кој е граден од дурски квинтакорд и мала септима. Голем молски септакорд, кој е граден од молски квинтакорд и голема септима. Мал молски септакорд, кој е граден од молски квинтакорд и мала септима. Полуумањени септакорд, кој е граден од умањеног квинтакорд и мала септима. Намален септакорд, кој е граден од намален квинтакорд и намалена септима. Прекумерен септакорд кој е граден од прекомумерен квинтакорд и голема септима.

Секој Септакорд има три инверзии:

  1. Квинсекстакорд
  2. Терцкавртакорд
  3. Секундакорд

Квинтсекстакорд[уреди | уреди извор]

Квинтсекстакорд се добива со инверзија на септакорд. Неговиот прв и втор, како и втор и трет тон се во терца, третиот и четвртиот се во секунда а цел акорд е во секста. Се обележува со 6/5.

Терцквартакорд[уреди | уреди извор]

Терцквартакорд е втора инверзија на септакорд. Првиот и вториот тон се во терца, вториот и третиот се во секунда, а третиот и четвртиот повторно се во терца. Целиот акорд е у секста. Се обележува со 6/4/3.

Секундакорд[уреди | уреди извор]

Секундакордот е трета инверзија на септакорд. Првиот и вториот тон се во секунда, додека вториот и третиот, како и третиот и четвртиот, се во терца. Целиот акорд е во секста, а се обележува со 6/4/2.

Доминантен нонакорд[уреди | уреди извор]

Доминантен нонакорд е петозвук кој се добива кога ќе се додаде на доминантниот септакорд уште една терца.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]