Аквафобија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аквафобија или хидрофобија[1] е тип на специфична фобија, абнормален и перзистентен страв од вода.[2] Подразбира ниво на страв кој е надвор од контрола или кој може да претставува пречка во секојдневниот живот.[3] Специфично, луѓето кои страдаат од аквафобија можат да почувствуваат анксиозност и кога се свесни дека вода во океанот, реката, потокот, дури и во кадата не претставува никаква закана. Тие понекогаш избегнуваат престој на брод или пливање, или избегуваат пливање во длабоко море дури и ако умеат да пливаат[4]. Оваа анксиозност може да се појави дури и како страв од топење или прскање со вода кога тоа лицето не го очекува, или страв дека ќе биде турнато во вода.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хидрофобијана ДРМЈ
  2. The American Heritage® Stedman's Medical Dictionary
  3. Bourne 2005
  4. Dr. Kennedy's cumulative Vocabulary Course

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bourne, Edmund J. (2005). The Anxiety & Phobia Workbook (4th издание). New Harbinger Publications. ISBN 978-1-57224-413-9.