Азис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Азис
Изворно имеВасил Троянов Боянов
Родено имеВасил Тројанов Бојанов
Познат(а) и какоАзис
Роден(а)7 март 1978 (1978-03-07) (42 г.)[1][2]
Сливен[2]
Жанровичалга, поп-фолк
ЗанимањаПејач, музичар, писател, активист, водител на телевизиска емисија
Период на активност1999–денес

Васил Тројанов Бојанов (бугарски: Васил Троянов Боянов; роден на 7 март 1978 година во Сливен), познат како Азис — бугарски пејач, со ромска етничка припадност. Азис изведува песни претежно во жанрот чалга, жанр што може да се опише како бугарски поп-фолк[3][4].

Азис има соработувано и со други бугарски поп-фолк пејачи, како што се Глорија, Малина, Софи Маринова, Тони Стораро, и со бугарските рап-уметници - Устата и Ванко 1[5][6]. Освен тоа, неговиот репертоар вклучува дуети со српски пејачи, меѓу кои и Индира Радиќ, Марта Савиќ и Јелена Карлеуша.

Азис учествувал на Евровизија 2006 година во дует со Маријана Попова со песната „Let me cry“, останувајќи во полуфиналето[7][8].

Освен неговата заслужена кариера како вокал, тој неуспешно се натпреварувал на Бугарските парламентарни избори во 2005 година како член на партијата ЕвроРома[9].

Азис останува истакната личност на бугарската музичка сцена и ужива популарност и во другите балкански земји. Постојат многу шпекулации во медиумите за неговата сексуална ориентација. Во интервју за 2017 година, Азис изјавил: „Така, Господ ме направи циган, геј, дебел, тој едноставно не ми даде никаква ужасна болест.“ Во 2007 година, му се родила ќерка по име Раја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Профилът на Азис“ [Azis Profile]. Slava.bg (бугарски). Посетено на 4 January 2014.
  2. 2,0 2,1 Silverman, Carol (24 May 2012). Romani Routes: Cultural Politics and Balkan Music in Diaspora. Oxford University Press. стр. 189. ISBN 9780195300949. Посетено на 3 January 2014.
  3. Samson, J. (2013). Music in the Balkans. Google Books. BRILL. стр. 610. ISBN 9789004250383. Посетено на 1 January 2014.
  4. Kenrick, D. (2010). The A to Z of the Gypsies (Romanies). Google Books. Scarecrow Press. стр. 35. ISBN 9781461672272. Посетено на 1 January 2014.
  5. Haj-Najafa, D. (12 May 2009). „Kitsch of the Day, Azis i Ustata's 'Tochno Sega'. The New York Times. Men's Fashion blog. Посетено на 1 January 2014.
  6. Watkins, R.; Deliso, C. (2008). Bulgaria. Lonely Planet. стр. 52. ISBN 9781741044744. Посетено на 1 January 2014 – преку Семрежен архив. azis bulgaria.
  7. Taras, R (2008). Europe Old and New: Transnationalism, Belonging, Xenophobia. Google Books. Rowman & Littlefield. стр. 200. ISBN 9780742557345. Посетено на 1 January 2014.
  8. Fricker, K; Gluhovic, M, уред. (2013). Performing the 'New' Europe: Identities, Feelings and Politics in the Eurovision Song Contest. Google Books. Palgrave Macmillan. ISBN 9781137367976. Посетено на 1 January 2014.
  9. Imre, A (2009). Identity Games: Globalization and the Transformation of Media Cultures in the New Europe. Google Books. MIT Press. стр. 125. ISBN 9780262090452. Посетено на 1 January 2014.