Адил-Сумуган

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во асиро-вавилонската, односно сумерската литература е зачувана една тажаленка: Плач за градот Ур". Оваа тажаленка е напишана на глинени плочи, со клинесто писмо од раката на Сумуган. Сумуган напишал дело од 436 стиха поделени во единаесет песни во кои лајтмотив е припевот: ,,ТЕШКО НАМ". Ова е обредно-лирска песна, во која е изразено пропаѓањето на градот Ур(Урук), како и мислите и чувствата кои ги доживеал Сумуган и неговите сограѓани. Напишана е во монолошка форма во вид на плач, упатен до божицата Нингал, заштитничка на градот Ур.